fbpx

Димовски: Постигнат е договор за изборниот законик, дијаспората ќе гласа

-

Се постигна договор за изборниот законик. Имавме тешки, незгодни и непријатни моменти, вложивме многу труд и време, но договор има, изјави Илија Димовски пред Клубот на пратениците, откако претставниците на СДСМ ја напуштија средбата на работните групи. Тој рече дека повлекувањето на опозицијата го разбираат како тактика која цело време се повторува.

– Секогаш кога ќе постигнеме договор или кога ќе застанеме чекор поблиску до предвремените избори, СДСМ се повлекува. Тоа е нивна татктика, која постојано се повторува. Ние стоиме зад Договорот од Пржино, дадовме поддршка за специјалниот јавен обвинител, за законот и за изборот на Јанева, а одлуката на Советот на јавни обвинители е нешто во што ние не би можеле да се мешаме, ниту да го коментираме – рече Димовски.

Тој кажа дека е договорено дијаспората да гласа со пропорционален модел, во една изборна единица и три пратеника, со ист број гласови како што се избираат пратеници во Македонија. Изборниот модел останува ист со шест изборни единици и со 20 пратеника, додека финасиите се ограничени на 110 денари. За одлучувањето во ДИК рече дека ќе се гласа со консензус, а ако така не успева да донесе одлука, надлежен ќе биде Управниот суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 44 случаи на пертусис, вкупната бројка на заболени достигна 597

Во последната недела пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 3 пати споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје во последниот извештај...