fbpx

Џафери: На Собранието да му се овозможи надзор над буџетските расходи

-

Регионот начелно потфрла кога станува збор за законодавната контрола на јавните расходи и финансиската одговорност. Тоа е оценката на последниот извештај за периодот 2006 до 2016 презентиран на денешната конференција Регионалната конференција на мрежата на парламентарни комисии за економија, финансии и евроинтеграција на Западен Балкан, поддржана од Вестминстер фондацијата за демократија и Светска банка.

Во делот за Македонија за периодот од 2007 година до 2015 се наведува дека легислативата и нејзиното спроведување биле во најлоша состојба и добиваат најлоши оценки. Во 2007 година генералната оценка за законодавната контрола врз годишниот буџет била Б+, додека во 2015 паѓа на Д+.

Причина за ваквото опаѓање на оценката е бојкотот на опозиција поради нарушувањето на буџетскиот процес од 2012 до 2014 година, немањето законска обврска Собранието да ги испитува ревизорските извештаи, недостигот на собрански расправи, како и тоа што Владата не обрнала посебно внимание на собраниската резолуцијата направена врз основа на извештајот на Државниот завод за ревизија.

Претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека секој парламент, покрај законодавна, има и надзорна функција, но дека македонското Собрание за жал ја нема оваа димензија.

– Оваа надзорна улога е особено важна кога станува збор за буџетот, бидејќи тој се полни пред се од граѓаните, а ние сме пратеници избрани од нив. Затоа, наша законска и демократска обврска е да вршиме транспарентен надзор како се трошат народните пари и дали преку буџетот се задоволуваат интересите и потребите на граѓаните, односно дали тој обезбедува стабилна сегашност и развојна иднина – рече Џафери.

Пратеникот Артан Груби, кој е и претседател на Комисијата за европски прашања во Собранието и член на бордот за интеграција на мрежата на парламентарни комисии, истакна дека проширувањето на ЕУ е историски момент за Европа, но и за Западен Балкан.

Крис Левик од Вестминстер Фондацијата за демократија изрази задоволство за потпишувањето на меморандум за соработка, истакнувајќи дека ваквото регионално вмрежување ќе придонесе за унапредување на работата на парламентите во Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...