fbpx

Девизните резерви намалени

-

Во периодот април – јуни 2015 година девизните резерви забележаа намалување, како што и се очекуваше во рамки на априлските проекции, се вели во извештајот на НБРМ. Во мај тие изнесуваат 2.238.500 евра, што е пад во однос на април кога изнесувале 2.344.300 евра.

– На девизниот пазар, НБРМ интервенира со мала продажба на девизи, што беше очекувано со оглед на исплатата на дивидендите кон странските акционери, што е вообичаено во овој период од годината. Во однос на депозитниот потенцијал, во мај е остварен месечен пад на вкупните депозити, како резултат на падот на депозитите на претпријатијата и на депозитите на населението. И покрај месечното намалување на депозитната база, кое е вообичаено во овој период на годината, на годишна основа вкупните депозити продoлжија да се зголемуваат, со годишна стапка на пораст од 8,4 проценти. Сепак, динамиката на порастот на депозитите засега е послаба во споредба со проектираната во рамки на априлскиот циклус проекции – се вели во извештајот на Народната банка.

Последните податоци за надворешната трговија заклучно со април, навестуваат нешто повисок трговски дефицит, но периодот на оцена од еден месец е многу кус за да се дадат посигурни констатации во овој домен.

Анализата на показателите на адекватност на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се движат во сигурна зона.

Во мај ликвидноста на домашните банки се намали под влијание на автономните фактори, во најголем дел како резултат на зголемената побарувачка на готови пари, при исплата на субвенции за земјоделство и на други сезонски ефекти.

Банките го намалија износот на пласирани краткорочни вишоци во депозити кај Народната банка, додека на пазарите на пари беше регистрирана зголемена трговска активност и понатамошно намалување на каматните стапки.

Во однос на кредитниот пазар, првичните податоци за мај покажуваат солиден пораст на кредитите на месечна основа, со што се задржува континуитетот на поволни поместувања на овој сегмент. Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во мај изнесува 9,5 проценти и е поголема од проектираната за вториот квартал на 2015 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...