fbpx

Демонстранти гневни поради пожарот во Лондон, упаднаа во општинска зграда

-

Педесетина гневни демонстранти попладнево упаднале во зградата на седиштето на лондонските квартови Кенсингтон и Челси, на чија територија се наоѓа опожарениот солитер Гренфил, кој досега одзеде најмалку 30 животи, јави „Би-би-си“, известувајќи дека според некои информации уште 70 луѓе се водат како исчезнати.

Демонстрантите ја турнаа автоматската врата што води кон првиот кат и беа запрени на скалите на вториот кат од неколкумина чувари. Се создаде тепачка меѓу демонстрантите и чуварите и при тоа дел од нив ја напуштија зградата.

Демонстрантите што се наоѓаа во зградата, како и оние што стоеја пред неа, скандираа „Сакаме правда“, „Срам за вас“, „Убијци“. Некои од демонстрантите носеа транспаренти со натпис „Правда за Гренфил“.

Се протестираше и кај станицата на метрото Нотинг хил, при што беше побарано побрзо реагирање на властите за згрижување на станарите на опожарените станови.
Британската премиерка Тереза Меј претходно соопшти дека за продукти и за други потреби на оштетените жители на солитерот ќе се издвојат 5 милиони фунти.

Пожарот во култата со 127 станови во западен Лондон изби во 1 часот по полноќ во средата и според сведоци, се ширел со голема брзина. Пожарот се гаснеше 24 часа.

Станарите на 24-катниот солитер со социјални станови обвинуваат дека причина за пожарот е неквалитетна изградба, а неколку медиуми пласираа докази дека се користеле неквалитетни материјали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...