fbpx
Македонија Страница 1934

Македонија

Туристичка развојна зона кај Калишта

По примерот на своите први соседи охриѓани, и стружани ќе развиваат туристички развојни зони. Веќе изработија студија за финансиска оправданст за изградба на туристичка развојна зона кај струшкото село Калишта, на брегот на Охридско Езеро. Новата туристичка зона ќе биде лоцирана во близина на манастрискиот...

Иванов денеска ќе се сретне со хрватскиот министер за одбрана

Министерот за одбрана на Република Хрватска, Анте Котромановиќ, денеска ќе има средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Хрватскиот министер за одбрана, кој од вчера престојува во посета на Македонија, се сретна со својот македонски колега Зоран Јолевски. Министерот Котромановиќ ги посети и Центарот за...

Се испумпува водата од манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ во Новаци

Водата од поплавениот манастир „Рожденство на Пресвета Богородица“ во Новаци се испумпува. По испумпувањето на водата, ќе се прави првата процена на штетата.

Лекарите на Тамара не ѝ дале препорака за итен случај

Лекарите од конзилијарната комисија не дале препорака дека малата Тамара треба итно да се испрати на нова операција, објави „Алсат-М“. Тимот лекари, предводен од врвен спинален хирург од Турција, месецов требало да ѝ закажат операција на малата Тамара во турска клиника. Додека се запазувале бирократските...

Денеска студено со снег

Во Македонија денеска ќе биде облачно, со снег во западните делови од земјата и во Пелагонија. Северен ветер ќе дува во Прилеп, Штип и на повисоките места во Скопската Котлина. Утрово во Македонија најстудено е во Маврово и во Крушево, каде што се измерени -10 Целзиусови...

Жерновски ќе бара одговор од Груевски за градежното земјиште во општина Центар

Градоначалникот Андреј Жероновски ќе бара прием кај премиерот Никола Груевски за да побара одговор зошто Владата ја игнорира Општината и дали има намера да го додели градежното земјиште под владение на Општината. Жерновски предложил да се формира делегација составена од градоначалникот и од координаторите...

Котевски: Во МВР нема стигнато никаква пријава

Во МВР не слушнале и не знаат ништо за денешната прес-конференција на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на која беа изнесени снимени материјали на политичари од опозицијата и од власта, вели портпарол на МВР, Иво Котевски, за „Нова ТВ“. - Читав на агенциски вести, но не...

Опасни карпи се надвиснати над патот кон Македонска Каменица

Веќе четврти ден е во прекин магистралниот пат Кочани – бугарска граница, кај Македонска Каменица. Сообраќаен инспектор го забранил одвивањето на сообраќајот поради опасните карпи што се надвиснале над патот. Цел рид со огромни карпи се свлече по интензивните врнежи и комплетно го прекри делот од патот...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да ја дефокусира јавноста од реалните теми

Институциите, во рамки на своите законски и уставни надлежности, треба да ги утврдат сите факти и околности, но и мотиви и цели и на инспираторите, и на поддржувачите и на извршителите на ова сценарио, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за денешната прес-конференција на СДСМ...

„Бомбата“ го успори интернетот, донесе 25 камери и „твитови“ во реално време

Социјалната мрежа „Твитер“ беше најбрзиот медиум преку кој беа пренесувани детали од прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Неколку корисници на „Твитер“, меѓу кои и новинари, за време на конференцијата за медиуми „твитаа“ во реално време под хаштагот #бомба. Поголемиот дел од веб-порталите додека траеше конференцијата,...

Коцијанчиќ по прес-конференцијата на Заев: ЕУ е загрижена за случувањата во Македонија

Европска Унија преку Маја Коцијанчиќ, портпаролката на Федерика Могерини, шефица на европската дипломатија, даде кус коментар за прес-конференцијата на опозицискиот СДСМ, на која лидерот Зоран Заев обелодени дека власта преку своите служби прислушувала повеќе од 20.000 граѓани и приложи аудиоснимки како доказ. За Европска Унија најважното во...

Заев: Прислушувани биле и функционери и опозиционери

Снимени разговори меѓу новинари со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, негови разговори со пријатели и со неговата ќерка, разговор меѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и министерот за финансии, Зоран Ставрески, разговори на Али Ахмети, Мендух Тачи, Љубчо Георгиевски, Руфи Османи, објави Заев...

Пленумци в среда ќе одлучуваат за окупација на универзитетите

„Студентски пленум“ при Универзитет „Св. Климент Охридски“ за среда најавува блокаден пленум, на кој ќе се дискутира за можен бојкот на наставата на сите факултети што се дел од битолскиот универзитет. Пленумци реагираат токму на усните ветувања на премиерот Никола Груевски и на најавите дека екстерниот испит за...

Веб-страница за вработените во администрацијата

Министерството за информатичко општество и администрација денеска ја промовираше веб-страницата administracija.mk, наменета за сите вработени во јавната и во државната администрација. На веб-страницата се наоѓаат сите законски акти што се однесуваат на администрацијата, каталогот на работни позиции, кој содржи 3.300 работни места, и 12 примероци...

Премиерот Груевски се сретна со хрватскиот министер за одбрана Котромановиќ

Премиерот Никола Груевски оствари средба со министерот за одбрана на Република Хрватска, Анте Котромановиќ. На средбата беа поздравени одличните односи помеѓу двете земји, кои се развиваат во духот на пријателството, соработката и на меѓусебното почитување. Соговорниците разменија мислења на повеќе теми од различни области, кои се...

Битолската болница денеска остана без греење

На температурa под нулата, пациентите во битолската болница денеска лежат во болничките кревети во ладни простории бидејќи нема парно греење. Болницата останала без парно поради грешка на дистрибутерот на мазут, велат од прес-службата на болницата. - Кај нас сè беше направено за да се набави мазутот,...

Бомбата на Заев експлодира низ хуморот на „Твитер“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги запали социјалните мрежи обелоденувајќи само мал дел од долго најавуваната „бомба“. Новинарите, и твитерџиите, за време на прес-конференцијата на лидерот на опозицијата (првпат во Македонија) вршеа директен пренос со твитови, кои послужија како инспирација за шегување со целата ситуација. Еве...

Заев објави прислушувани разговори на политичари, новинари, бизнисмени

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конфереција обелодени дека располага со материјали за прислушување на повеќе од 20.000 граѓани. Тој, на новинарите, им ги презентираше снимките, а беа објавени разговори со новинари, како и помеѓу министри во Владата на Република Македонија. - Следен сум и...

Хелсиншки комитет ќе бара кривична одговорност за смртта на Тамара

Хелсиншки комитет за човекови права ќе покрене кривична пријава за несовесно работење против директорката и членови на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување доколку тие не преземат одговорност за смртта на Тамара, а доколку постои согласност од родителите, ќе биде поднесен предлог за кривично...

„Пуч“ покажа дека службите ни биле решето: Кој не си ја вршел работата?

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, објави дел од долгонајавуваната „бомба“, презентирајќи прислушувани разговори на политичари, министри во владата, новинари и бизнисмени. Како налогодавци на незаконските прислушувањата ги посочи премиерот Никола Груевски и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање(УБК), Сашо Мијалков и остана на...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...