Лекарите на Тамара не ѝ дале препорака за итен случај

Лекарите од конзилијарната комисија не дале препорака дека малата Тамара треба итно да се испрати на нова операција, објави „Алсат-М“.

Тимот лекари, предводен од врвен спинален хирург од Турција, месецов требало да ѝ закажат операција на малата Тамара во турска клиника. Додека се запазувале бирократските процедури, малата Тамара, вчера, поради компликации од искривувањето на ’рбетниот столб почина.

Тамара имала сериозен деформитет на ’рбетниот столб, кој, како што велат надлежните, ѝ го притискал срцето. Претходно ѝ биле извршени неколку операции, но требало да се направи нова, која требало да му овозможи на девојчето правилно да расте и да се развива. Според ФЗОМ, двапати, еднаш во 2012 година и еднаш во 2014 година, малата Тамара била одбиена на државен товар да се испрати на лекување во странство. По објавување на сторијата во медиумите, Тамара доби поддршка од државата и замина на лекување. Последниот термин, сепак, не стаса навреме.