fbpx
Македонија Страница 1820

Македонија

Плажите во Стење се подготвуваат за туристичката сезона

Во преспанското село Стење се интензивираат градежните работи за изградба на угостителски објекти и за нивелирање на плажата со автохтон песок, на површина од околу 500 метри. Паралелно се гради пешачка патека со канделабри, се градат три угостителски објекти, се градат игралишта за ракомет,  кошарка...

Првпат на Македонец ќе му се трансплантираат бели дробови

Првпат на пациент од Македонија ќе му бидат трансплантирани бели дробови, дознава „Здравство 24“. Големиот зафат ќе биде извршен кон средината на месецот во Виена. Станува збор за 16-годишно дете, кое со години е пациент на Клиниката за детски болести. Боледува од цистична фиброза, болест...

Партијата на Ердоган го загуби мнозинството во парламентот

Владејачката Партија на правда и развој (AKP) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи на парламентарните избори, но го загуби апсолутното мнозинство и нема да може сама да формира влада. Изборите беа клучни за иднината на турскиот претседател, кој се надевал дека неговата партија ќе...

Сообраќајот Кичево – Охрид ќе биде во прекин еден час

Од АМСМ информираат дека на патниот правец Кичево - Охрид, кај месноста Пресека - Врбјане, денеска од 15 до 16 часот сообраќајот ќе биде во прекин. Прекинот на сообраќајот е поради изведување градежни работи –минирање, бидејќи е во тек изградбата на автопатот до Охрид.

Денеска температура до 35 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде топло и сончево, а можности за дожд ќе има во југозападниот крај. Температурата ќе достигне максимална вредност од 35 Целзиусови степени во југоисточниот и во повардарскиот регион.  

„Цивил“: Полицијата се изживувала со ослободениот демонстрант Шошев

Со лисици на рацете, туркан и влечен, навредуван и малтретиран неколку часа на скопскиот аеродром... Наместо да се качи на авионот за Лондон, вчера попладне, Димитар Шошев заврши со лисици на рацете, соопшти невладината организација „Цивил“. Шошев е еден од демонстрантите што беа приведени по протестите на...

Реџеп Реџепи бил во притвор, а МВР тврди дека се борел во Куманово

Реџеп Реџепи не можел да биде дел од случувањата во Куманово бидејќи 16 дена пред инцидентот бил уапсен и сè уште е во притвор, тврди братот Рефки Реџепи за телевизијата „Телма“. Браќата Реџепи беа приведени на 23 април, два дена по нападот во Гошинце, откако...

Неформален форум за евроатлантските интеграции на Македонија

Министерството за одбрана во следните два дена во Берово организира неформален форум посветен на македонските евроатлантски интеграции, како и на предизвиците за Македонија во новата геополитичка реалност. Како што се наведува во соопштението од Министерството, на форумот ќе се разгледа кои чекори Македонија може да...

За избори во април, Собранието се распушта во февруари, листите готови во март

Според најавите на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и на лидерите на политичките партии, предвремени парламентарни избори ќе се одржат најдоцна до крајот на април идната година. Според Уставот, Собранието мора да се распушти 60 дена пред изборите, значи во февруари, листите на пратеници треба...

Доделени грантови за 15 мали бизниси во сопственост на жени и на млади

Фондот за поддршка на жени и на млади претпримачи од неговото почнување со работа во март минатата година досега има доделено грантови на 15 мали бизниси. Општина Брвеница ќе донира 5.000 долари на Фондот, а ќе биде потпишан и меморандум за разбирање со Здружението за...

Иванов на Самитот на претседатели на процесот Брдо – Бриони во Будва

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе учествува на Самитот на претседатели на процесот Брдо – Бриони, кој се одржува во Будва. Главни теми на годинешниот самит се проширувањето на Европската унија, инфраструктурните проекти и енергетската безбедност. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Иванов...

Сончево со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала умерена облачност. Во јужните и во планинските делови ќе има локален краткотраен дожд и ретки грмежи во попладневните часови. Минималната температура ќе изнесува од 6 до 15 Целзиусови степени, а дневната од 26 до 32 степени. Во Скопје и...

Повеќе од 1.500 граѓани на протестот „Правда за Мартин, слобода за сите“

Извикувајќи „Убијци, убијци“, „Крвници, крвници“, „Оставка, оставка“, „Нема правда, нема мир“, повеќе од 1.500 граѓани денеска се собраа пред Владата на Република Македонија на протестот „Правда за Мартин, слобода за сите“. На протестот, организиран од опозициската партија СДСМ, се приклучи и коалицијата „Граѓани за Македонија“,...

Обединети за Македонија бараат ослободување на Љубе Бошкоски

Обединети за Македонија денеска, по повод четиригодишнината од апсењето на Љубе Бошкоски, побраа негово ослободување, како и ослободување на сите политички и неправедно осудени. „Уште при слетувањето на скопскиот аеродром, почна ужасен прогон против твоето политичко дејствување и твоето право на слобода и тоа од...

МНР ја потврди автентичноста на листата уапсени во Куманово

Министерството за надворешни работи ја потврди автентичноста на имињата од листата уапсени во акцијата во Куманово. На списокот уапсени, кој пред три дена го објави телевизијата „Алсат-М“, се најдоа и имињата на Мирсад Ндрецај и Бег Ризај, за кои беше објавено дека се меѓу загинатите. „Тоа...

Заев ќе продолжи со „бомбите“ од понеделник

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од понеделник ќе продолжи да ги објавува „бомбите“, пишува „Кирилица“. Заев во интервјуто, кое наскоро ќе се објави на порталот, открива дека нема да прекине со објавување на снимките ниту за време на преговорите што во среда треба да продолжат во...

Исчезна 14-годишно девојче од Скопје

Четиринаесетгодишно девојче синоќа исчезнало во скопската населба Кисела Вода. Триесет и осумгодишната И.П. синоќа, во 23:50 часот, пријавила во полициската станица Кисела Вода дека завчера, околу 14 часот, од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 14-годишна ќерка. Полицијата трага по исчезнатото девојче.

„Средношколски пленум“ ги прозва Адеми и МОН за грешките на екстреното тестирање

„Средношколски пленум“ јавува дека за време на годинешново екстерно тестирање се забележани бројни нерегуларности, нелогичности и технички пропусти. Пленумот вели дека во неколку случаи, прашањата од екстерното тестирање се поставени на албански, а одговорите на македонски, а во еден случај и на англиски. Од пленумот...

ПДП ја поддржува „Беса“ за организирање сенароден протестен марш

Партијата за демократски просперитет ја поздравува иницијативата на движењето „Беса“ за организирање сенароден марш против диктатурата, противзаконските политички притвори, забраната на слободата на мислењето, крајното осиромашување на населението, корумпирање и партизација на судскиот систем, инсталација на организираниот криминал, феномени кои се практикувани од владата...

Министерот Цветков на конференција на ФАО во Рим

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, денеска во Рим учествува на 39. Конференција на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО во Рим, на која ќе биде избран новиот генерален директор, кој ќе раководи со агенцијата во следните четири...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...