fbpx
Македонија Страница 1821

Македонија

Трета лидерска средба за прв чекор кон решение

Во Клубот на пратеници во Скопје, денеска ќе се одржи третата лидерска средба. На средбата ќе учествуаат Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Медух Тачи од ДПА. Излезот од политичката криза, тие ќе го бараат пред очите...

Собраниска седница за повеќе закони

Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 49. седница. Ќе се расправа за предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за заштита на потрошувачите и по дополнетиот предлог-закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост. На дневен ред се...

Времето сончево, попладне со услови за дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за појава на краткотраен дожд, претежно во западните планински делови од земјава. Утринската температура ќе се движи од 7 до 14 Целзиусови степени, а...

Заев: Сега е моментот да ги тргнеме сите предрасуди на страна

Неколку стотини граѓани ја проследија дебатата „Каква Македонија сакаме по излезот од политичката криза“ во „Кампот на слободата“ пред Владата, во која учествуваа претставници на граѓанските организации и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во првиот циклус говореа Наталија Поповска од „Транспарентност Македонија“, која истакна ставови за трошењето...

Даниелсон: Политичка одговорност за да се врати довербата во институциите

Кристијан Даниелсон, генералниот директор за проширување во Европската комисија, во интервју за интернет-мрежата „Еуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) изрази загриженост за вооружениот напад во Куманово и рече дека случајот мора да се истражи за да не дојде до меѓуетнички тензии во земјата. - Многу...

Повеќе од 500 милиони долари годишно нелегално се изнесуваат од Македонија

На илегален начин, секоја година се изнесуваат во просек по 521 милион долари од Република Македонија. Ова го покажуваат податоците на меѓународната организација „Глобал фајненшал интегрити“ од Вашингтон. Според организацијата, Македонија се наоѓа на 79. место по износот на изнесени нелегални средства во странство. Во периодот...

Дебата во кампот пред Владата: Каква Македонија сакаме по излезот од политичката криза?

Во „Кампот на слободата“ пред Владата, денеска во 18 часот ќе се одржи дебата на тема „Каква Македонија сакаме по излезот од политичката криза? Визии, позици и политики“. На оваа тема ќе дебатираат претставници на граѓанските организации и претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Говорници од граѓанскиот сектор ќе...

Променливо облачно со пороен дожд во попладневните часови

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со локални поројни дождови во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи од 21 до 28 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 27 Целзиусови степени.

Куманово зафатено од невреме со пороен дожд

Околу 15 часот, невреме проследено со врнежи од град и со поројни дождови го зафати  Куманово, пишува порталот „Кумановски муабети“ (kumanovskimuabeti.mk). Градот кој непрестано паѓаше повеќе од пет минути, ги побеле улиците во градот. Од силината на дождот, по улиците течеше надојдена вода.  

Политичките партии упатија честитки за Св.Кирил и Методиј

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски на граѓаните им го честитаа 24 Мај - Денот на сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј. - Нивното дело е сè уште живо и остави вечен белег во културата, традицијата и во посебноста на сите...

Образованието и јазикот, теми на кои ќе се говори во кампот пред Владата

Во „Кампот на слободата“ пред Владата, денеска ќе има повеќе активности кои ќе бидат во знакот на одбележувањето на празникот Св.Кирил и Методиј. По овој повод, во 18.30 часот предвидени се обраќања на в.д на Институтот на македонски јазик, Елена Јовановска-Грујовска, студентката Ивана Туфегиќ и...

По 500 евра нè чини секоја засадена палма

Околу 500 евра по стебло платило претпријатието „Македонски шуми“ за палмите што деновиве се засадуваат низ градовите во Македонија, или вкупно околу 522.000 евра за 1.100 садници. Палми од видот trachycarpus fortunei, односно влакнеста палма, чие стебло расте повеќе од четири метри, се засадени во Охрид, Прилеп, Дојран, и во Вевчани,...

Изложба на автентични македонски копаничарски дела во Рим

По повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј, синоќа во Рим се одржа традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“, пренесува МИА. Во рамки на културната манифестација, која беше свечено отворена од претседателот на Владата, Никола Груевски, е поставена и изложба на...

Времето претпладне сончево, попладне со дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и релативно топло. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 Целзиусови степени, а дневната од...

Премиерот Груевски го покани папата да ја посети Македонија

Премиерот Никола Груевски денеска, заедно со владината делегација, во чиј состав се министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерката за култура, Елизбета Канческа-Милевска, во Ватикан оствари средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, јавува МИА. Премиерот Груевски го запознал папата со повеќе области...

Именуван нов скопски муфтија, разрешените членови најавија протести

Исламската верска заедница за нов скопски муфтија го именуваше Реџеп Јусуфи. Разрешените членови на скопското муфтиство, пак, го обвинуваат поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, дека незаконски го сторил тоа. - Не е избран, тој е именуван од Сулејман Реџепи, без негова волја. Во комуникација со...

Груевски: Денешните предизвици ќе бидат зад нас

Нашиот народ поминал низ бројни искушенија и убеден сум дека и овие ќе нè направат посилни и поубедени во нашата заедничка цел - развој, просперитет и градење сигурна иднина, се вели, меѓу другото, во честитката на премиерот Никола Груевски по повод 24 Мај – Денот...

Одбележување на Денот на Власите, колонија и дебата во кампот пред Владата

Во „Кампот на слободата“ пред Владата, за денеска се предвидени повеќе активности. По повод Денот на Власите, ќе се пушта влашка музика, а свое обраќање ќе имаат Никола Бабовски и Ратко Стефановски од Демократскиот сојуз на Власите, Маринела Маричиќ-Тушева од СДСМ, како и Димо Димчев...

Заев за „Јета не Косове“: Македонците да го учат албанскиот како втор јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при гостувањето во емисијата „Јета не Косове“(Jeta në Kosovë), која се емитува на косовската телевизија РТК1, истакна дека Македонците треба да го учат албанскиот јазик како втор јазик, уште во градинките и подоцна во образованието. - Зошто ќерка ми да не...

Честитка од Иванов по повод Св. Кирил и Методиј

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. – Мисијата на светите браќа беше да им се овозможи на словенските народи сами да го спознаваат Божјото слово, сами да ја создаваат и да...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...