„Средношколски пленум“ ги прозва Адеми и МОН за грешките на екстреното тестирање

„Средношколски пленум“ јавува дека за време на годинешново екстерно тестирање се забележани бројни нерегуларности, нелогичности и технички пропусти.

Пленумот вели дека во неколку случаи, прашањата од екстерното тестирање се поставени на албански, а одговорите на македонски, а во еден случај и на англиски. Од пленумот велат дека добиле бројни поплаки, поради што го прашаа министерот за образование Абдилаќим Адеми дали екстерното тестирање треба вака да изгледа и дали е тоа екстерното тестирање што тој им го ветувал на нас средношколците и на целокупната јавност во Македонија.

„Дали не му е барем малку срам поради некои негови и грешки на Министерството за со тоа учениците да бидат оштетени и деградирани“, прашуваат од „Средношколски пленум“.

Пленумот вели дека очекува бројот на поплаките да се зголеми откако ќе бидат објавени резултатите од екстерното тестирање.