fbpx

Ариф: Затворањето на границите нема да го реши проблемот со бегалците

-

Претставникот на канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во Скопје, Мохамед Ариф, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“ предупредува дека затворањето на границите нема да го реши проблемот со бегалците.

– Она што ќе го реши проблемот е колективно и сеопфатно решение, системи за азил во земјите кои ќе функционираат ефикасно и соодветно, во согласност со меѓународните стандарди и дури и повеќе од тоа. Ние не знаеме точно што ќе се случи утре. Единственото што може да го кажеме е дека што и да се случи, ние треба да бидеме подготвени за последиците од која било одлука или од која било постапка што ќе биде преземена, без разлика дали е тоа во Грција или тука, или во Словенија или во Србија. Ние треба да бидеме подготвени за сите можни сценарија. Тешко е да се каже дали ќе се случи или не. Јас би рекол се надевам дека нема да се случи, но ако се случи, тогаш ние не треба да бидеме изненадени, ние мора да бидеме подготвени да се справиме со таква ситуација – вели Ариф.

На прашањето дали бегалците се безбедносна закана за земјата, Ариф вели дека тие не претставуваат безбедносна закана за никого зашто и самите бегаат за да ги спасат своите животи .

– Најголемото мнозинство од луѓето кои бегаат за да ги спасат своите животи, не се закана за безбедноста, бидејќи тие бегаат од заканата за нивната безбедноста. Ако има безбедносна закана заради еден, двајца или пет или десет лица, не треба да кажеме дека целиот бран од бегалци треба да се гледа како закана. Само владите и државите треба да имаат систем каде што ќе може да ги процесират или идентификуваат луѓето за да ја увидат вистинската закана доколку има такво нешто – смета Ариф.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...