fbpx

Аларм од албанска страна: Водата во Охридско Езеро е повлечена за околу 40 метри

-

Нивото на водата во Охридско Езеро неколку недели е под минималната кота, односно 23 сантиметри под нивото дозволено од страна на УНЕСКО, предупредува експертот по животна средина од Поградец и порашен претставник на Албанија во заедничкиот Билатерален комитет за заштита на Охридското Езеро, Аријан Мероли.

Како што пренесува порталот „Охрид прес“, во најниските крајбрежни подрачја, на потегот од градските плажи во Поградец до Тушемиште, водата е повлечена за околу 40 метри, а во длабочина за околу еден и пол метар.

– Истиот феномен е забележан од албанска и од македонската страна. Одговорните органи на Македонија наведуваат дека главна причина за ваквото ниско ниво на езерото е производството на електрична енергија од страна на ЕЛЕМ, што од друга страна е голема опасност за живиот свет на езерото – алармира Мероли.

Тој додава деа ова е во целосна одговорност на македонските власти, бидејќи единствениот пат за испуштање на водата од Охридското Езеро е реката Црн Дрим.

– Државната компанија за производство на електрична енергија ЕЛЕМ управува со браните за испуштање и за запирање на водите од Охридското Езеро. За жал, во текот на јануари, медиумите објавија дека се случил голем дефект во една од најголемите термоцентрали во Македонија, која е главен производител на електрична енергија. Мое мислење е дека тоа е главната причина поради која ЕЛЕМ одлучи овој недостиг на производена електрична енергија од страна термоцентралите да го компензира со користењето на езерските води, што од друга страна се коси со сите меѓународни прописи, со статусот на Охридското Езеро, но, најважно од сè, е спротивно на сите договори што ги има потпишано Македонија – истакна Мероли.

Тој додаде дека ситуацијата е слична секоја година, но не се памети кога последен пат се случило во ваков размер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...