понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ниво | 18 резултати

Се намалува водостојот на реките, но е повисок од просекот за март

март 9, 2018

Водостојот на Вардар денеска е понизок од вчера, но се уште е над просекот за март, покажуваат најновите хидролошки мерења. Кај Јегуновце и кај Велес денеска нивото на Вардар е за 20 сантиметри пониско од вчера, кај Зајчев Рид е за четири сантиметри пониско. На исто ниво како вчера е водостојот на Вардар кај Демир […]

ДЗС: Излеаната вода од реките се повлекува, водостојот се нормализира

декември 3, 2017

Водостојот на реките е во опаѓање, а водата на излеаните места веќе почнува да се повлекува, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од дирекцијата додаваат дека од страна на единиците на локална самоуправа и на јавните комунални претпријатија, преземени се сите активности за нормализација на состојбата со излевањето на водотеците. Според ДЗС, во моментот […]

Обилните врнежи го зголемија водостојот на сите реки

декември 2, 2017

Обилните врнежи од дожд го зголемија водостојот на сите реки во земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Двојно е зголемено нивото на реките Вардар, Треска, Крива Река и Сатеска, а над просекот за ноември е водостојот на реките Пчиња, Брегалница, Црн Дрим и Црна Река. Кај езерата, минимално е зголемено нивото на  Дојранско Езеро, додека […]

Нивото на Вардар на три места во Скопје е критично

декември 1, 2017

По обилните врнежи што го зафатија Скопје во текот на изминатата ноќ, утрово се состанал штабот за заштита и за спасување на Град Скопје, за координација на активностите за превентивно дејствување за заштита од можни излевања на реката Вардар во Скопје. Началникот на штабот за заштита и за спасување на Град Скопје, Емил Дуровиќ, информираше дека […]

Зголемен водостојот на Вардар, Брегалница и на Дојранско Езеро

ноември 18, 2017

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрирала повисоки водостои во однос на просекот за ноември на реката Вардар кај Зајчев Рид, Велес и кај Демир Капија, како и на реката Брегалница кај Берово. Регистриран е значително зголемен водостој и на Дојранско Езеро, додека нивоата на Охридско и на Преспанско Езеро се во рамки на просекот за […]

Нивото на Охридско Езеро е осум сантиметри над минималното

ноември 7, 2017

Водостојот на Црн Дрим на мерното место Ложани е за шест пати понизок, а на Црна Река кај Новаци за речиси четирипати помал од просекот за ноември, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Водостојот и на другите реки во земјава е под просекот за ноември, а нивото на Охридското Езеро е осум сантиметри […]

ЕЛЕМ секојдневно на интернет ќе објавува податоци за нивото на Охридско Езеро

септември 27, 2017

ЕЛЕМ на својата официјална веб-страница почна да ги објавува податоците за нивото на Охридско Езеро, информираат од компанијата. „На линкот http://www.elem.com.mk/?p=6755 посетителите ќе можат секојдневно да го следат нивото на езерото, а покрај моменталната состојба, се поставени и податоци за минималната и за максималната кота. Објавените податоци се според сопствените мерења на компанијата, што АД ЕЛЕМ, […]

Годината беше сушна, затоа водостојот на Охридско Езеро е намален, велат од ЕЛЕМ

септември 24, 2017

„Годината беше сушна, дотеците се многу мали. Затекнавме загрижувачка состојба на сите акумулации во земјата, но ќе се потрудиме нивоата на водата да ги задржиме во некаква оптимална состојба и да искористиме максимум од потенцијалот“, изјави денеска во Охрид директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски. Тој додаде дека производството на електрична енергија од акумулациите „Глобочица“ и „Шпилје“ […]

УХМР: Се зголемува нивото на Охридско Езеро

февруари 21, 2017

Нивото на Охридско Езеро е два сантиметри над дозволениот минимум, а значително е намален водостојот на реката Црн Дрим кај Ложани, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму велат дека просечниот водостој за февруари на Црн Дрим е 123 сантиметри, а вчера изнесувал 20 сантимтери. Големо намалување на водостојот има и реката Сатеска, каде вчера […]

Нивото на Охридско Езеро се врати на дозволениот минимум

февруари 13, 2017

Мобилизацијата на еколошките асоцијации и нивните протести вродија со плод, така што нивото на водата во Охридското Езеро се врати на дозволениот минимум. Спопред последните мерења што ги врши УХМР, нивото е во граница на дозволениот минимум. По затворањето на испустот кај вливот на реката Црн Дрим, од пред десетина дена, нивото на водата во […]

Аларм од албанска страна: Водата во Охридско Езеро е повлечена за околу 40 метри

февруари 8, 2017

Нивото на водата во Охридско Езеро неколку недели е под минималната кота, односно 23 сантиметри под нивото дозволено од страна на УНЕСКО, предупредува експертот по животна средина од Поградец и порашен претставник на Албанија во заедничкиот Билатерален комитет за заштита на Охридското Езеро, Аријан Мероли. Како што пренесува порталот „Охрид прес“, во најниските крајбрежни подрачја, на потегот […]

Експертите предупредуваат на штетноста од нискиот водостој на Охридско Езеро

јануари 29, 2017

Еколозите и експертите предупредуваат на штетните последици од исклучително нискиот водостој на Охридското Езеро, кое е веќе далеку под дозволената минимална граница. Научниот советник и раководител на одделението за краповидни риби во охридскиот Хидробиолошки завод, Трајче Талевски посочува дека нивото на водата во каналот Студенчишта е спуштено на многу критично ниво. – Кај рибата која […]

Во поплавите во Кина исчезнаа 181 лице

јули 7, 2016

По повеќедневните обилни дождови, нивото на водата во централните и во источните делови на Кина почна да опаѓа. Поради надојдената вода, реките пробија брани, ги поплавија градовите и селата, го сопреа јавниот превоз, а најмалку 181 лице загинале или се исчезнати. Кинескиот премиер Ли Кечијанг ги посетил најзагрозените подрачја повикувајќи ги локалните власти да се […]

Опасност од поплави во Бугарија

мај 11, 2016

Бугарскиот Национален институт за хидрологија денеска соопшти дека од утре се очекува значително зголемување на нивоата на реките во Западна Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Во соопштението на институтот се наведува дека е неопходно „зголемено внимание“ на реките. Ваквото предупредување се должи на зголемениот обем на врнежи во Бугарија, што може да предизвика пораст на нивоата […]

Страна 1 од 1