fbpx

ЗНМ нема да учествува во партиските консултации за формирање на ад хок тело

-

„Договорот на партиите за медиумите е обична политичка фарса и не обезбедува вистински реформи во нив. Во овој договор нема одржливи решенија со кои ќе се ослободат медиумите од контрола на партиите. Напротив, договорот уште повеќе ќе го партизира медиумскиот систем“, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во однос на формирањето на ад хок тело кое го предвидува новиот постигнат договор меѓу партиите.

ЗНМ нема да учествуваат во предвидените партиски консултации со новинарските организации за формирање на ова тело.

– Формирањето на ад хок партиско тело во рамките на Агецијата за медиуми, кое треба да го надгледува известувањето на медиумите сто дена пред изборите, е неприфатливо за нас. Единствено решние е избор на нов совет на Агенцијата, каде ќе се изберат независни и стручни лица. Затоа, ЗНМ нема да учествува во партиските консултации за формирање на ова тело, затоа што не сакаме да легитимираме неодржливи и партиски решенија, кои нема да бидат во интерес на новинарите – изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Според ова новинарско здружение, апсурдно е и решението за МРТ.

– Партискиот уредник на власта, ќе се замени со партиски послушник од опозицијата. Со тоа, уште повеќе ќе се засили партискиот притисок врз МРТ, која наместо сервис на граѓаните, ќе биде заложник на партиските интереси – додава Селмани.

Според него, Агенцијата за медиуми и Македонската радио-телевизија остануваат под контрола на владејачките партии.

– Ново е што можност да врши притисок врз овие институции добива и опозицијата. Наместо независно и професионално регулаторно тело и МРТ, сто дена пред избори ќе имаме институции растргнати меѓу партиските интереси и влијанија – додаваат од таму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...