fbpx

Здравствениот дом во Вевчани ќе започне да прима пациенти со ковид-19 со полесна клиничка слика

-

Поради напливот на новоинфицирани панциенти со ковид-19 и Здравствениот дом од Вевчани адаптира простор со 8 кревети со паравани во дневната болница за лекување на заболени пациенти. Во овој објект ќе се примаат пациенти со полесна клиничка слика, оние кои ќе мора терапијата да ја примаат во болница.

„Во пресрет на актуелната состојба со ковид-19 вирусот, нашата установа со сопствени средства го реновира и адаптира просторот во новата зграда во дневна болница со цел, пациентите позитивни или сомнителни на ковид-19 во пристојни и безбедни услови, да бидат лекувани во рамките на можностите кои ги нудиме. Поставени се осум кревети со паравани, во функција е ставено парното греење во болничкиот простор, определен е медицински кадар кој го покрива лекувањето во овие услови 24/7. Со оглед на бројот на пациенти кои ги третираме бараме разбирање во интерес на сите. Ќе се трудиме на пациентите, максимално во рамките на нашите можности да им пружиме здравствена заштита. Да ги почитуваме мерките за заштита донесени од комисијата за заразни болести,“ информираат од Здравствен дом Вевчани.

Моментално во домот „Доктор Светозар Чочороски“ се лекуваат 25 пациенти заболени со ковид-19. Работат двајца интеренисти задолжени за лекување на заболените со корона вирусот.

Во Охрид во моментов има 270 активни случаи на ковид-19, покажуваат официјалните податоци на Министерството за здравство. Од нив, дури 137 лица се заболени во текот на последните седум дена. Вкупниот број на заболени лица до овој момент во Охрид од почетокот на пандемијата е 736 лица. Во соседна Струга има 121 активни, од вкупно 840 регистрирани случаи на заболени лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...