fbpx

Завршија археолошките ископувања во јужната половина на Самоиловата Тврдина -сарајот на Џеладин Бег

-

Во текот на септември и октомври, во рамките на програмските активности на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, како дел од програмата за култура и буџетски средства на РС Македонија беа реализирани систематски археолошки ископувања во јужната половина на Самоиловата тврдина, објаснува Анатоли Арнаудовски, раководител на проектот.

Истражувањата се во континуитет со ископувањата од 2016 година, во делот помеѓу источниот и преградниот бедемски ѕид. Целта била да се открие целосно овој дел на габаритниот простор на цитаделата во јужната половина, односно делот од сарајот кој припаѓал на Џеладин Бег, а истиот бил опожарен во 1830 година, истакнува Арнаудоски, кој е виш кустос – археолог.

Тој објаснува дека биле откриени ѕидови и опожарени делови, фрагментирана градежна керамика, монети и фрагменти од луксузни лулиња кои потекнуваат од Османлискиот период.

Забележлива е и калдрмата, чии делови беа откриени со претходните истражувања, а исто така се пронајдени и одреден број грниња, кај кои декорацијата е изведена во појаси од плитко врежани жлебови и брановидни линии нанесени под устието или рамото на садовите, објаснува археологот.

Со ова заврши уште една етапа во истражувањето на Самуиловата Тврдина и секако останува во иднина да се доистражат западните и јужни делови од објектот како и постарите културни хоризонти во овој значаен простор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...