fbpx

„Заспаната убавица“ ќе се изведе на 15 мај на „Мајски оперски вечери“

Оваа изведба ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години“, наведуваат од НОБ

-

Безвременскиот класичен балет „Заспаната убавица“, со прекрасната музика на Петар Илич Чајковски ќе се изведе на 15 мај со почеток во 20 часот во рамките на меѓународниот фестивал 52. „Мајски оперски вечери“.

Диригент на претставата е гостинот од Египет, Најер Нагуи, главен диригент на оркестарот на операта во Каиро, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор, Јане Бакевски, соло виолина: Климент Тодороски, а соло виолочело, Кирил Јосифов.

„Во главните улоги ќе настапат балетските ѕвезди од Софиската опера и балет: Марта Петкова и Никола Хаџитанев, добитници на голем број на престижни награди и признанија. Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Вечната борба помеѓу доброто и злото, класичната балетска бајка „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години“, наведено е во соопштението од Националната опера и балет.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДЗР: Алармантна загуба на таленти – државата на петто место во Европа по одлив на мозоци

Активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се доволно ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата. Бројот на граѓани коишто престојуваат...