fbpx

Захарова тврди дека Русија гаѓала украински воен брод во Одеса

-

Марија Захарова, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, изјави дека рускиот напад со проектили во пристаништето Одеса во Украина бил насочен кон украински воен брод.

„Проектилите Калибр уништија воена инфраструктура на пристаништето во Одеса, во напад со висока прецизност“, објави Захарова на Телеграм, прецизирајќи дека се работи за патролен брод.

Нападот на Русија следува откако беше постигнат договор за испорака на жито помеѓу Украина и Обединетите нации и Турција. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за напад на Одеса и  соопшти дека руски проектили го погодиле пристаништето, со што  договорот за деблокирање на извозот на жито преку Црното море се доведува во прашање.

Украина би можела да заработи 10 милијарди долари со извоз на 20 милиони тони жито во силосите, покрај 40 милиони тони од новата реколта. Министерот за инфраструктура, Александар Кубраков, синоќа изјави дека земјата, и покрај нападот на пристаништето во Одеса, продолжува со техничките подготовки за отпочнување на извоз на земјоделски производи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...