fbpx

Заев: Предлогот на Јанева предметите да преминат во Јавно обвинителство е логично решение

-

Премиерот Зоран Заев го коментираше писмото на Катица Јанева, со кое бара обвинителите од СЈО да ги пренесат сите предети и истраги на Јавното обвинителство.

– Тоа што сум информиран од работните групи, тоа е и логичното решение кое и во разговорите со ВМРО-ДПМНЕ го имаме, но е логично решение и во сите околности. Посакуваното решение е да се постигне договор, а во самиот договор е предвидено предметите да поминат кај државниот обвинител. Ако не се постигне договор, законот вика предметите да поминат кај државниот обвинител. Ако се постигне договор и ако не се постигне, правото е опишано во Законот за специјалното јавно обвинителство. Вчера ги прашав правниците околу мене и рекоа дека тоа е сосема дозволиво, специјалниот јавен обвинител да ги предаде предметите. Никој нема контакти со Катица Јанева зошто е тоа така, она што според мене е веројатно, е наближувањето на 15 септември кога завршува мндатот на Катица Јанева. Тоа не се пренесува на заменик, на некој друг, туку се предаваат предметите заради нивна безбедност, сигурност, на сите материјали што се таму – изјави Заев.

Премиерот не верува дека ова ќе влијае на преговарачкиот процес.

-Јас очекувам исчекор, утре би требало да се сретнат работните групи. Ако двете страни се подготвени, со завршени консултации, ние од СДСМ ги завршивме. Дадов напатство да продолжат во изнаоѓање решение, бидејќи треба да привршуваме до крајот на оваа недела и почетокот на идната – рече Заев.

На новинарско прашање Заев одговори дека не е повикан од Обвинителството за организаран криминал и корупција во врска со предметот „Рекет“, со објаснување дека доколку биде поканет, јавноста веднаш ќе биде информирана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...