fbpx

Заев: Министерот за правда Џафери не се произнесе за законитоста на еврообврзницата

-

„Никакви нови информации, разјаснувања или правни мислења не се дадени во врска со можната незаконитост на издавањето на еврообврзницата. На инвеститорите не им било овозможено да постават никакви прашања до владиниот тим“, пишува лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во соопштението до светските медиуми и банки во врска со продолжувањето на, според него, незаконската постапка за издавање на еврообврзницата.

Според Заев, министерот Валдет Џафери е единствената личност што требаше да одговори на повикот на странските инвеститори за оценување на законитоста на еврообврзницата.

– Обидот на Пешевски да го протурка ова сериозно прашање е не само очаен, туку и невнимателен и неодговорен обид. Не можејќи да обезбеди легитимна институционална потврда за издавањето на еврообврзницата и да не им даде на потенцијалните инвеститори можност да бараат појаснување на ситуацијата преку прашања, Пешевски само успеа да влее доплнителен сомнеж и забуна во правната издржаност на издавањето на обврзницата – вели Заев во писмото.

Лидерот на опозицијата потсетува дека банките гаранти претходно соопштија дека ќе бараат изјаснување од Министерството за правда, но министерот Џафери не се изјасни по ова прашање.

Заев истакнува дека „вицепремиерот Пешевски и самиот е фатен во корупциски и во криминални скандали во Македонија, разоткриени со објавувањето на стотиците прислушувани разговори минатата година.“

– Во краткиот повик од околу седум минути, вицепремиерот, според информациите, се обидел да ги убеди потенцијалните инвеститори за легалноста на издавањето на обврзницата, давајќи оптимистички проценки за Република Македонија и за нејзините програми со ММФ, Светска Банка и со ЕБРД – вели Заев во дописот.

Во прилог на писмото на СДСМ до странските медиуми и банки се испратени и извештајот на Прибе, ноемврискиот извештај на Европската Унија за земјава и извештајот на Светската банка за јавните трошоци на земјава од 2015 година.

По одложувањето пред пет дена, Македонија денеска повторно ја издаде еврообврзницата од 650 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ВИДЕО) Болницата и куќите под вода, Тетово и овој пат неподготвено за невремето

Блокирани улици, автомобили со искршени стакла, поплавени подруми, уништени дрвја. Ова е билансот од вчерашните врнежи во Тетово, кои околу еден час беа придружувани со град. И додека граѓаните...