fbpx

Заев ѝ се заблагодари на амбасадорката Оер за поддршката за Македонија

-

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Франција во Република Македонија, Лоранс Оер.

Како што наведуваат од партијата, Заев ѝ се заблагодарил на амбасадорката Оер за придонесот во развивање на односите помеѓу Франција и Македонија, како и за нејзината силна поддршка за земјава и за сите нејзини граѓани.

– Сакам да Ви се заблагодарам лично Вам за Вашата неизмерна поддршка досега, како и за поддршката и за помошта што Франција ја дава на Република Македонија. Очекуваме оваа поддршка да продолжи и да се интензивира уште повеќе во наредниот период – посочил Заев.

На средбата се разговарало и за актуелни теми поврзани со моменталната политичка состојба во Македонија, како и за целите што треба да се исполнат за демократизација и за конечно надминување на политичката криза преку веродостојни избори.

Од партијата наведуваат дека заеднички било констатирано дека следните предвремени парламентарни избори што ќе се одржат во декември мора да бидат фер и демократски и оти е потребно да се испочитуваат роковите.

– За СДСМ иднината на Македонија е во Европската Унија и во НАТО. СДСМ ќе направи сè да ја врати земјата на демократскиот колосек, на патот на евроинтеграциите и на економскиот напредок, што ќе донесе подобар животен стандард на граѓаните – посочил Заев.

На крајот од средбата, Заев ѝ посакал успех на амбасадорката Оер во нејзините идни ангажмани, со надеж дека Македонија ќе може и понатаму да смета на нејзината поддршка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...