Заев го достави списокот на заменици министри, меѓу нив и Макрадули

-

Премиерот Зоран Заев во 1 часот по полноќ го доставил списокот на заменици министри до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Пратениците денеска на петтата пленарна седница ќе треба да ги именуваат предложените заменици министри.

Според предложениот список, техничкиот министер за внатрешни работи, Агим Нихиу, останува во МВР, техничкиот министер за финансии, Кире Наумов, ќе замине во министерството за економија, но како заменик-министер.

Јани Макрадули, кој во 2008 година беше потпретседател на Собранието и не беше дел од претходниот парламентарен состав, ќе биде заменик во Министерството за животна средина и просторно планирање.

За заменик-министер за одбрана е предложен Беким Максути, за заменик-министер за правда – Оливер Ристовски, во Министерството за надворешни работи заменик-министерка ќе биде Арта Точи, додека во Министерството за финансии – Ширете Елези.

На списокот на заменици се најдоа и Гоце Чакаровски, кој е предложен за заменик-министер за здравство, Висар Гани за образование и наука, Ремзи Мехмеди за транспорт и врски, Елми Азири за труд и социјална политика, Власте Димковиќ за земјоделство, шумарство и водостопанство, Дејан Павлески за локална самоуправа, Владимир Лазовски за култура и Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација.

На пленарната седница има 21 точка на дневниот ред, а изборот на заменици е последна.

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на...

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки...

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена...

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како...

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата...