fbpx

Пожар во облакодер во Лондон, 200 пожарникари се справуваат со огнената стихија

-

Повеќе од 200 пожарникари се обидуваат да го изгасат пожарот што изминатата ноќ го зафати облакодерот „Гренфел тауер“ во западен Лондон. Најмалку 50 лица се повредени, а според дел од британските медиуми, има и загинати, но не се соопштува нивниот број. Некои од станарите се блокирани на 27 кат од облакодерот со 120 станови.

„Би-би-си“ јавува дека непозната е судбината на „значаен број луѓе“ и дека постои опасност зградата да се урне.

Противпожарните служби соопштија дека со пожарот, кој е пријавен во 1.16 часот по локално време, се зафатени сите катови од вториот до 27 кат. Пожарникарите кои се на местото на настанот велат дека успеале да ги евакуираат станарите од 11. кат и дека условите се особено тешки. Засега не се знае колку лица биле во зградата во моментот кога избил пожарот.

Во близина на зградата се распоредени 45 пожарникари и 20 амбулантни возила.

Полицијата ги евакуира и околните згради поради можност пламените јазици да се прошират и на соседните објекти, а го затвори и автопатот А40, прометна сообраќајница која води кон центарот на Лондон.

Исто така затворени се и станиците на метрото, кои се наоѓаат под овој кварт.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, изјави дека станува збор за „сериозен инцидент“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...