fbpx

Заев: Денеска е историски ден, заедно испишавме историја

-

Денеска е историски ден, заедно испишавме историја рече премиерот Зоран Заев во Собранието, по гласањето за пристапување кон уставни измени произлезени од Договорот од Преспа.

Тој им се заблагодари на сите пратеници, посебно на тие од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, бидејќи како што рече, се ставиле над партиските интереси и покрај притисокот од раководството. Притоа, како што одговори на новинарско прашање за нивната безбедност, потенцираше дека институциите ќе реагираат на секоја закана.

Премиерот е убеден дека и од оние пратеници кои гласале против, во наредниот процес ќе се приклучат повеќе и ќе гласаат „за“.

-Водевме транспарентен процес, водевме грижа за пријатна атмосфера. Следниот чекор ќе го направиме во поголем број. Убеден сум дека ќе се приклучат повеќе од 25 пратеници. Пораката за помирување охрабри – додаде Заев.

Во однос на пратениците на опозицијата за кои се водат судски процеси премиерот рече дека „никој не е виновен додека не се докаже вината со правосилна судска пресуда“ и го повтори ставот дека нема да се меша во судската власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Метаморфозис се приклучува на осудите на физичкиот напад над новинарката на хрватски Фактограф

Фондацијата Метаморфозис, како членка на Европската мрежа за стандарди при проверката на факти (EFCSN), и на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) се приклучува на осудите на нападот на новинарката...