fbpx

За четири дена Државниот пазарен инспекторат затворил 21 објект

-

Државниот пазарен инспекторат во период од 19 до 22 март извршил вкупно 9.658 надзори. При вршењето на овие надзори, инспекторатот затвори 21 угостителски објекти во Скопје, Куманово, Битола, Кочани, Гостивар и Струга, информираше претседателката на Инсепкцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.
Покрај контролата на угостителските објекти и трговците, Државниот пазарен инспекторат ги следи и замрзнатите цени на одредени производи.

„Во овој период од четири дена, направени се 869 надзори во однос на замрзнатите цени, при што кај трговци од малопродажба е констатирана промена на цените на неколку производи. Субјектите се задолжени веднаш да реагираат по одлуката и да ги вратат цените од 11 март“, додаде Филиповска Грашкоска.

Шесте инспекциски служби кои интензивно работат на терен се со цел спроведување на владините мерки, во период од 19 до 22 март извршиле 11.358 надзори.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во спроведените 189 надзори утврдила неправилно декларирање и чување на месото. Во два објекти пак, констатирана е работа на лица без санитарни прегледи, неправилно означување и неводење записи. Дополнително, во три објекти утврдени се неправилности во однос на општата нехигиенска состојба во објектите.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил 111 надзори при што е констатирано дека генерално се почитуваат мерките. Дополнително, во овој период издадени се 5.130 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во Северна Македонија.

„Сакам да потенцирам дека овие дозволи се потребни за непречено снабдување на државата со неопходните стоки, но под посебен протоколарен режим при влез и при патување во земјата донесен од министерството за здравство и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“ – појасни претседателката на Инспекцискиот совет.

Нема промени во меѓуопштинскиот сообраќај, утврдил Државниот инспекторат за транспорт пак. Сообраќајот се уште се одвива со намален интензитет, а меѓународниот линиски превоз на патници е целосно во прекин.

Агенцијата за лекови „Малмед“ извршила 9 инспекциски надзори кои што се однесуваат на следењето на доставата на подлоги за брис од Институтот за јавно здравје Скопје до Јавната здравствена установа Општа болница Дебар, како и надзори со кои што се врши контрола на достава на лекови во оваа општина.

Во однос на работата на Државниот инспекторат за труд, оттаму се спроведени 463 контроли, при што се донесени 16 решенија и 20 укажувања до работодавачите кои не постапиле согласно мерките на Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...