YouthSpeakSurvey – прашалник од АИСЕК за младите во светот

„Биди гласот на промената!“ е мотото на светската анкета за мислењето на младите луѓе за клучните предизвици со кои што се соочува светот денеска.

На глобално ниво прашалникот се спроведува од страна на AISEC – international, а благодарение на АИСЕК – Македонија и младите од земјава можат да се вклучат со свои одговори на прашалникот на следниот линк: aies.ec/youthspeak2020

„YouthSpeakSurvey e прашалник на глобално ниво кој има за цел гласот на младите да биде слушнат од разни засегнати страни, чии одлуки ќе имаат директно влијание на самите нив“, велат за Мета.мк од АИСЕК – Македонија, додавајќи дека овој прашалник ќе им даде простор на младите да го кажат своето мислење околу клучните предизвици во светот и да ги искажат своите амбиции, со цел да ги видиме промените уште во 2030 година.