fbpx

Вучиќ: Србија не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија

-

Денеска завршува посетата на српскиот премиер Александар Вучиќ на САД, за време на која во низа средби разговараше со американски официјални лица и со претставници на бизнис-групи, за билатералните односи, економската соработка и за поддршката на Вашингтон за европскиот пат на Србија.

И политичката ситуација во Македонија била едно од прашањата за кои Вучиќ разговарал со советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Сузан Рајс. На средбата, како што пренесе „Македонска телевизија“, Вучиќ рекол дека Србија не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија и дека е горд што Србија на никаков начин не влијае на кризата.

– Многу кратко разговаравме. Јас кажав дека сум многу задоволен и горд на фактот дека Србија на никаков начин не влијаеше за создавање или продлабочување на кризата во Македонија. Ја сметаме Македонија за наш пријателски сосед и секогаш ќе имаме таков однос. На никој начин не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на Македонија. Јас мислам дека тоа е еден фер, коректен и многу чесен пристап. Имавме таков пристао во Белград и овде во Вашингтон – изјави Вучиќ по средбата со Сузан Рајс.

На Капитол хил, српскиот премиер имаше средба и со претседавачот со Сенатскиот одбор за вооружените сили, сенаторот Џон Мекејн. Во Вашингтон, Вучиќ треба да се сретне и со помошникот на државниот секретар, Викторија Нуланд, како и со европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, кој е во посета на САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...