fbpx

Втор ден собраниска расправа, најдоцна до полноќ ќе добиеме нова влада

-

Десетина минути по 12 часот, денеска продолжи собраниската расправа на која се расправа за избор на новата македонска влада. Денешната расправа започна со излагањето на пратеникот од владејачката коалиција „Можеме“, Павле Трајанов. Покрај излагањето на пратениците, во моментов бројни се и меѓусебните реплики на пратеници, како од двете водечки коалиции од македонскиот блок, така и помеѓу албанските пратеници.

Пратеникот Павле Трајанов наброи пет приоритети кои очекува да бидат дел од Предлог-Програмата на мандатарот Зоран Заев, за кои тој појасни дека очекува да се имплементираат. Тој изјави дека неопходни се уставни промени со цел да се јакне одговорноста на извршната власт, земјава да прерасне во една изборна единица со отворени листи и без изборен праг на идните избори, додека Трајанов очекува и започнување на неселективна и робусна борба против криминалот и корупцијата.

– Мораме да го ослободиме бизнисот од стегите на власта, сум за пазарна економија и создавање услови за отварање на нови работни места, пред се во реалниот сектор. Да се одвојат 2 отсто од Буџетот на државата за отварање бизнис од младите креативни и стручни кадри – изјави пратеникот Павле Трајанов.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во своето излагање го опиша Зоран Заев како „топ-шоп мандатар“, потсетувајќи на бројните неостварени ветувања за кои најголемата опозициска партија во изминатиов период нашироко обвинуваше. На ова излагање, мандатарот Зоран Заев му реплицираше дека тие се „дормео“ опозиција, која што ги преспала сите важни одлуки што се донеле во земјава во изминативе години.

Мандатарот Зоран Заев во вчерашното експозе пред македонските пратеници изјави дека „ќе имаме мала, ефикасна влада од одговорни и отчетни кадри, целосно посветени на трансформација на подобро.“ Тој во неговото експозе се осврна на македонската економија при што вети забрзан економски раст. Мандатарот појасни уште поголема посветеност на владата за здравствениот систем во однос на справувањето со состојбата со корона вирус во земјава. За состојбите во судството, Заев најави дека разрешница на предметите отворени од Специјалното јавно обвинителство.

Расправата за избор на новата влада може да трае најдоцна до ноќеска на полноќ. Новиот владин состав треба да брои 19 министри и премиер, а за нејзиниот избор неопходно е просто мнозинство, односно 61 пратенички глас. Владиното мнозинство од 62 пратеници е составено од коалицијата „Можеме“, како и политичките партии ДУИ и ДПА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...