fbpx

Ниту денес не успеаја обидите да се избере претседателка на Уставниот суд

Кандидатки за претседател се судијките Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева. За да се избере претседател на судот, потребно е дво-третинско мнозинство, односно еден кандидат да има 6 гласови од вкупно 9

-

Постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд продолжи денеска – судиите во два наврата гласаа за предложените кандидатки, но ниту една не го доби потребното мнозинство.

Уставните судии овој пат се договорија седницата за избор на претседател да продолжи во понеделник, на 3 јуни.

Кандидатки за претседател на Уставниот суд се судијките Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева. За да се избере претседател на судот, потребно е дво-третинско мнозинство, односно еден кандидат да има 6 гласови од вкупно 9.

И вчера беа залудни сите четири обиди за избор на претседателка на Уставен. На актуелната претседателка Добрила Кацарска, мандатот ѝ истекува на 2 јуни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Олимпискиот Комитет е под напад зашто дозволил да учествува силувач на деца

Меѓународниот олимписки комитет е под напад и се соочува со повици за истрага за тоа, како на осуден силувач на деца му било дозволено да се натпреварува на олимписките...