fbpx

Волонтери на Црвен крст ќе бидат на терен за превенција и заштита на здравјето на граѓаните на град Скопје при топлотен бран

-

Во рамките на теренските активности, согласно најавите за екстремно високи температури кои ќе го зафатат градот Скопје и околината, 30 обучени волонтери со возила на Црвениот крст ќе бидат на терен и ќе патролираат на најфекфентните локации во градот (автобуски постојки, амбуланти, пазари) во работните денови во периодот од 21 до 28 јули, соопшти Црвениот крст на град Скопје.

На овие локации, преку директен контакт со населението, ќе се дистрибуираат информативни материјали/флаери со совети за заштита од топлотен бран, совети за консумирање и приготвување храна и препораки за консумирање вода. Тимовите ќе поделат шишиња вода, а по потреба ќе вршат мерење на крвниот притисок на граѓани кои ќе се пожалат на здравствени проблеми.

Во интервентни случаи, доколу се забележи посериозен здравствен проблем, тимовите ќе врашат транспорт до најблиската здравствена установа, или пак до домот на лицето кое има потреба од терапија во домашни услови.

Во насока на грижата за здравствената и психофизичката состојба на бездомниците во градот Скопје, како една од најранливите категории граѓани,  во пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток на располагање е мобилниот телефон 071/223-972 за дојави од граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран.

Мобилните екипи, кои се достапни и кои функционираат при екстремно високите температури, се составени од доктор и парамедик, ќе им пружат помош и поддршка на бездомниците со дистрибуирање на вода, мерење на крвен притисок, а за потешките и интервентни случаи ќе биде обезбеден и транспорт.

Во текот на летниот период, информативните флаери изработени од Црвен крст на РСМ со совети и препораки за заштита од топлотен бран како и флаери со совети за избегнување на несакани пожари и превенција од истите се дистрибуираат и преку припадниците на Граничната Полиција  кои во текот на летниот период спроведуват превентивни активности/акција „Безбедно лето 2022“ со цел информирање на граѓаните и странци кои патуваат и транзитираат низ нашата држава .

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...