Фото: Мета.мк

Од 3.616 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 908 нови случаи на ковид-19, објави Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје.

Во истиот период починало 31 лице на возраст од 48 до 89 години. Само еден пациент починал во домашни услови додека останатите 30 во болница.

Досега во земјата се направени вкупно 684.888 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 145.909, на оздравени пациенти е 121.439, на починати е 4.388, а бројот на активни случаи изнесува 20.082.