fbpx

Во Македонија 30 отсто од породувањата се со царски рез

-

Министерството за здравство не воведува закон со кој ќе се ограничува правото на царски рез, туку протокол за практикување медицина заснована на докази.

– Нема ограничување на право за царски рез, ниту такво нешто сме наложиле. Во ноември е донесен протокол кој е базиран на светски практики, преземени се светски протоколи со медицина базирана на докази за царски рез, односно кога треба да се прави, кога не треба да се прави царски рез. Тоа е имплементирано во Англија, во Франција, во Швајцарија, тоа е протокол по којшто постапуваат сите доктори во тој сегмент во сите европски земји – изјави министерот Никола Тодоров.

Според податоците на Министерството за здравство, во некои здравствени установи царскиот рез надминува 50 отсто од вкупниот број на пораѓања. Генерално, во Македонија вкупниот процент на царски резови е околу 30 отсто. Во околните држави, на пример Србија, Хрватска, Словенија, е за десетина проценти помалку.

– Никаде во светот нема жената сама да си побара царски рез и докторот да има обврска тоа да го направи. Не може пациентот да знае и не треба да сугерира што треба докторот да направи. Докторот е тој што учел за тоа и знае дали треба или не треба да се направи – изјави Тодоров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...