fbpx

„Гмаил“ поотпорен на шпионирање

-

„Гугл“ на официјалниот блог „Гмаил“ објави дека компанијата презела дополнителни чекори за заштита на приватните податоци на своите корисници. Од неделава е активна безбедносната политика која има за цел да ги онеспособи надворешните додатоци за „Гмаил“ при неовластено читање на електронските пораки на корисниците. „Контент секјурити полиси“ (ЦСП) ги штити корисниците на начин што ги блокира несаканите екстензии во случај да се обидат да извршат несакани или штетен програмски код.

Најпопуларната и најдобрата екстензија за „Гмаил“ веќе е усогласена со оваа политика, така што нивните корисници нема да забележат проблеми во работата, велат од „Гугл“.

Корисниците кои ќе се најдат во ситуација да и е блокиран некој од инсталираните додатоци, тимот на Гугл им советува на Хром веб стор да ја побараат најновата верзија, усогласувајќи се со ЦСП стандардите и сигурна од несакано однесување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...