fbpx

Уапсени членови на озлогласената банда „Дедомразовци“ во Албанија

-

Албанската полиција вчера уапсила неколкумина членови на озлогласената криминална банда, позната под прекарот „Дедомразовци“, одговорна за серија вооружени грабежи на трговски центри и на златарници во Албанија, Македонија и во Грција, пренесуваат албанските медиуми.

Членовите на групата се идентификувани како извршители на двата вооружени грабежи кои ова лето се случија во Струга и во Дебар, а во кои беше украдено поголемо количество злато.

Членовите на групата се на возраст од 25 до 30 години, а истрагата покажала дека водач им бил дваесет и осумгодишниот Илир Купа, кој во јануари годинава бил уапсен и се наоѓа во затвор. Се претпоставува дека водачот на групата, кој претходно бил осудуван во Грција за сериозни кривични дела, дејствувал од затвор, пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се на информации на полицијата.

Еден член на бандата беше убиен во престрелка со македонската полиција при грабежот на двете златарници во Дебар, кон крајот на јули годинава.

Албанската полиција трага по уште неколкумина членови на групата.

Како што пренесува телевизијата „Канал 5“, во истрагата за откривање на групата, преку размена на информации, учестувала и македонската полиција.

­- Досега со размена на иниформации и на докази, успеваме да го заокружиме овој случај и можеме да кажеме дека вчера се приведени дел од групата, а за другиот дел се трага и имаме информации дека се во држави од ЕУ – изјави Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), пренесува „Канал 5“.

Криминалната група го доби прекарот „Дедомразовци“ по грабежот во трговскиот центар „Тирана ист гејт“, во главниот град на Албанија, во декември минатата година, кога членови на групата облечени како Дедо Мраз украдоа златен накит во вредност од 200.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...