fbpx

Во компанијата „Луфтханза“ знаеле за депресијата на Лубиц

-

Лекарите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ препорачеле пилотот Андреас Лубиц, осомничен дека намерно го урнал авионот на „Џерманвингс“ над француските Алпи, да биде подложен на психијатриски третман поради депресија.

Германскиот весник „Билд ам сонтаг“ (Bild am sontag), повикувајќи се на документи до кои дошле германските цивилни воздухопловни органи, објави дека лекарите напишале дека „Лубиц треба да продолжи да прима медицински третман“ иако сметале дека бил подобен за летање.

Лубиц ја прекинал обуката во 2009 година и ја известил компанијата „Луфтханза“ за својата болест.

Во лекарскиот извештај не се прецизира дали навистина Лубиц имал полза од земањето лекови.

Германското обвинителство соопшти дека на Лубиц му била дијагностицирана „склоност кон суицид пред неколку години“, односно пред да стане пилот, но подоцна изгледал многу постабилно. Портпаролот на компанијата одбил да ги коментира овие информации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...