Фото: Арбнора Мемети

Секој ден е борба за живот. Во Клиничкиот центар во Тетово, медицинскиот персонал го прави невозможното за пациентите кои лежат на оваа оделение да ја пребродат непредвидливата болест и повторно да ги видат своите блиски.   

Фото: Арбнора Мемети

За да ја видиме состојбата на пациентите на ова одделение, бевме придружувани од пулмологот Ружди Реџепи. 

Собите се преполни, додека персоналот се обидуваа да постигне сè. Една група на медицински персонал влегува во една соба, друга во друга соба. Речиси сите пациенти беа во критична состојба.

Фото: Арбнора Мемети

Тоа што го прави уште по комплициран целиот процес на лекување, е фактот што повеќето од пациентите доцна побарале професионална медицинска помош, кога болеста веќе била во напредна фаза.   

Како што ни објаснуваа пулмологот Реџепи, пациентите се пријавиле речиси две недели подоцна откако ги почустувале првите симптоми. Според него, до ваквиот феномен  дошло откако во јавноста почнаа да се шираат различни дезинформации, од типот ако одиш на доктор ќе завршиш мртов. На тој начин е создадена една многу лоша слика за медицинските лица кои ги лекуваат овие болни и општо за ковид центрите. Иако ваквите дезинформации се широко распространети, лекарите секојдневно се обидуваат да го докажат спротивното. 

Фото: Арбнора Мемети

Седев две недели дома. На почеток имав проблем со дишењето, но за разлика од првиот ден кога се пријавив тука сега состојбата ми е значително подобрена. Да се јавев на време мислам дека полесно би поминала. Згрешив,” ни објаснува жена пациентка која се лечи од ковид-19.  

Оваа фотографија се користи во согласност со пациентот | Фото: Арбнора Мемети

Не дојдов порано за тоа што мислев дека ќе ми помине. Се обидов сама да се лечам, додава таа.

Оваа фотографија се користи во согласност со пациентот | Фото: Арбнора Мемети

Друг пациент вели дека пред да се јави на доктор дома останал десет дена дури откако ги направил првите анализи на крва. Дури откако му се влошила состојбата се јавил на доктор.

Фото: Арбнора Мемети

Речиси во секоја соба каде што влеговме, приказната е иста. Само еден дел од ковид пациентите се имаа јавено на лекар на време, додека повеќето чекале до 10 дена дома, обидувајќи се сами да се лекуваат од ковид-19.  

Фото: Арбнора Мемети

За сите овие пациенти кои потпаднале под влијание на ваквите погрешни информации за болеста денеска персоналот прави сè за да можат да се вратат кај нивните семејства.