fbpx

Во Бугарија почна со работа новата погранична и крајбрежна агенција

-

Комесарот за миграција и за внатрешни работи на ЕУ, Димитрис Аврамопулос, денеска е во Бугарија каде го означи почетокот на работата на новата погранична и крајбрежна безбедносна агенција.

Официјалниот почеток на работата беше означен на граничниот премин Капитан Андреево, на границата на Бугарија со Турција, во присуство на бугарскиот премиер Бојко Борисов, извршниот директор на агенцијата, Фабрис Легери, и на други високи претставници на властите во Бугарија.

Главна задача на новата гранична служба ќе биде чувањето на надворешните граници на ЕУ во променетите околности поврзани со безбедноста и со миграцијата и ќе ја замени досегашната Фронтекс.

Формирањето на службата траеше околу девет месеци од предлогот за нејзиното основање од Европскиот парламент и од Советот на ЕУ.

Граничната служба ќе извршува постојана оцена на слабите места на надворешните граници. Таа ќе располага со постојан контингент од 1.500 европски граничари, подготвени за брза реакција.

– Ова е важен момент за Европа и секој од нас по извесно време ќе биде горд што бил тука – изјави денеска бугарската вицепремиерка и министерка за внатрешни работи, Румјана Бачварова, на официјалната церемонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...