fbpx

Во бегство директорот на Здравствен дом од Охрид

-

Директорот на здравствен дом од Охрид е во бегство, а благајничката и еден вработен од оваа јавна здравствена установа завршија во притвор. Финансиската полиција ги товари тројцата дека во периодот од 2010 до 2014 година, успеале да украдат 7, 5 милиони денари. Се товарат за проневера во службата, поттикнување, помагање и за фалсификување или уништување деловни книги.

Осомничените четири години подигнувале готови средства уплатени на име на партиципација од страна на пациентите, со што го оштетиле буџетот на ЈЗУ Здравствен дом од Охрид за околу 125.000 евра. Добро организирани, партиципацијата на пациентите, наместо во касата на здравствениот дом, си ја ставале в џеб.

Во проневерата на директорот му помагале шефицата на сметководство, која му била човек од доверба, и уште еден вработен на висока позиција во здравствената установа. Вработениот секој ден по пребројување на дневниот промет, телефонски го известувал директорот за износот, по што добивал задача колкав дел од прометот да уплати на банкарската сметка на Здравствениот дом, а остатокот без никаков писмен документ му го давал лично на рака.

За да ги прикрие трагите на криминалот, благајничката само дел од финансиската документација ја евидентирала во сметководствената евиденција на здравствениот дом, но и подготвувала фалсификувани завршни сметки.
При контролата на сметководствената евидениција и документација на Здравствениот дом Охрид, констатирано е дека третопријавената, вработена како шеф на сметководство во Здравствениот дом, за да ги прикрие трагите на криминалот што бил очигледен, само дел од финансиската документација ја евидентирала во сметководствената евиденција. Третопријавената , по претходно добиена усна наредба од директорот, во континутет, почнувајќи од 2010 година, подготвувала фалсификувани завршни сметки кои потоа, со потпис на директорот, се поднесувани до Централниот регистар на Република Македонија.

Според податоците до кои дојде Финансиската полиција, по завршување на работното време, шалтерските работници во Здравствениот дом, од фискалните каси печателе дневен фискален извештај за реализираниот промет во соодветниот ден, кој потоа го споредувале со сумата на наплатени парични средства со фискалниот извештај и со издадените потврди (квитанции) за наплата за извршените медицински услуги.

Основниот суд Охрид на тројцата пријавени лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Двајца од пријавените се веќе уапсени од Финансиската полиција, додека по директорот, кој е во бегство, распишана е потерница и по него интензивно се трага.

Се претпоставува дека се крие некаде во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...