fbpx

Јавни опомени за Самак и за Јефтимов поради судир на интереси

-

Kај министерот Веле Самак е констатиран судир на интереси, потврдија од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во својство на министер без ресор во Владата на Република Македонија, тој е потписник на договор со правното лице „Маркарт Македонија“ ДООЕЛ – Скопје, а во кое, врз основа на договор за вработување, е вработена неговата сопруга.

Постапувајќи во согласност со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата, во смисла на член 23, став 1 од Законот за спречување судир на интереси, се обратила до Самак со барање, во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето, да преземе чекори во насока на отсранување на утврдените повреди на одредбите од Законот за спречување судир на интереси, односно доброволно да ја отстрани состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

Веле Самак не постапил по барањето на Државната комисија, поради што, во смисла на член 23, став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донела одлука да му изрече јавна опомена. Во согласност со член 25, став 2 од Законот за спречување судир на интереси, мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатирала состојба на судир на интереси кај Јоже Јефтимов поради кумулација на функции: истовремено со функцијата член на Совет на Општина Чешиново-Облешево ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и услуги „Кик пром“ ДООЕЛ увоз – извоз Чешиново, што е спротивно на одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

Постапувајќи во согласност со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата, во смисла на член 23, став 1 од Законот за спречување судир на интереси, се обратила лично до Јоже Јефтимов со барање, во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето, доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции што истовремено ги извршува, со што ќе се надмине состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.
Јоже Јефтимов не постапил по барањето на Државната комисија, поради што, во смисла на член 23, став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донела одлука и нему да му се изрече јавна опомена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...