fbpx

ВМРО-НП: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да попуштат за да се излезе од кризата

-

ВМРО-Народна партија ги поздравува преговорите на лидерите на четрите политички партии, со кои се обидуваат да најдат мирно решение за излез од длабоката политичка криза во која е вовлечена Македонија.

ВМРО-Народна партија закажаната средба во Стразбур со посредство на меѓународната заедница помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев, ја гледа како единствена можност која не смее да се испушти за постигнување трајно политичко решение, а во корист на сите граѓани на  Македонија.

„За таа цел, ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ на својата агенда конечно да ја стави демократизацијата на општеството во оние сфери за кои перманентно добиваме сериозни забелешки во извештаите од Европската унија, а се однесуваат на напредокот на Македонија на патот кон  ЕУ и кон НАТО. Особено, укажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ мора како владејачка партија да направи прецизна и конкретна агенда и да каже како ќе спроведе целосно фер и демократски избори, признаени за легитимни од сите партии учесници во изборниот процес и од меѓународните набљудувачи. Во исто време, од СДСМ бараме да ги напуштат досегашните максималистички барања и да ги преформулират во порационални ставови, со што политичкиот дијалог ќе биде полесно остварлив во наоѓањето компромисни решенија на задоволство на двете страни“, се вели во соопштението на партијата.

ВМРО-Народна партија, стои во реакцијата, во овој момент го реафирмира предлогот за амнестија која се однесуваше за прислушувањето и изборните нерегуларности како политички дел, со тоа што сега, до ВМРО-ДПМНЕ и до СДСМ, предлага амнестијата да го опфати и делот од финансиско-корупциски малверзации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...