fbpx

ВМРО-НП: Како власта успеа да ја искомплицира внатрешно-политичката ситуација

-

ВМРО – Народна партија со големо разочарување, но, за жал, и очекувано, го прими ригидното „не“ од страна на Европската Унија за одредување датум за почнување преговори со Република Македонија, реагираат од ВМРО-НП.

„Со години наназад понудените конструктивни предлози и сугестии од нашата партија за решавање на политичките прашања кои го попречуваат нашето членство во ЕУ, никогаш не беа сериозно сфатени од власта. Притоа, постојано укажувавме дека со секое одложување на преговорите, за Македонија ќе биде отежнат патот кон ЕУ со нови дополнителни барања, што ќе предизвика долгогодишна изолација наместо членство во елитниот европски клуб, каде токму денес се распределуваат 315 милијарди евра за земјите-членки“, стои во соопштението од партијата.

ВМРО-Народна партија ја повикува Владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ да ѝ објасни на македонската јавност како успеа да ја искомплицира внатрешно-политичката ситуација во Македонија до таа мера за нашето членство во ЕУ да стане речиси невозможна мисија.

Исто така, од партијата прашуваат како при првата препорака единствен услов беше нерешениот проблем со името, а сега , по шестото „не“ од ЕУ, да доминираат неисполнети услови со внатрешно-политичка содржина; назадување во развојот на демократските процеси, изедначување на партијата со државата, партизирано и селективно судство, апсолутна контрола врз медиумите од Владата, немање политички дијалог помеѓу позицијата и опозицијата и, што е најважно, нарушените меѓуетнички односи.

„ВМРО-Народна партија воопшто не е изненадена, што по сите негативни внатрешно-политички процеси и погрешна надворешна политика, Европска Унија по сè изгледа нè врати на почетните позиции во преговорите еднакви со државите што го имаат стекнато статусот за асоцијација и стабилизација со ЕУ“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...