fbpx

ВМРО-ДПМНЕ во 18 часот ќе протестира пред Кривичен суд и ќе блокира три крстосници

-

ВМРО-ДПМНЕ повика на протест пред Основниот суд Скопје 1 во 18 часот, а ќе ги блокира крстосниците кај ТЦ „Мавровка“, кај Рампа во Кисела Вода и крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош од 15 до 17 часот.

„Притворањето на уметници, глумци, режисери, архитекти, пратеници, припадници на безбедносните сили и луѓе кои беа дел од иницијативата „За заедничка Македонија“, со конструирано обвинение за тероризам, е акт на безумие и политичка тортура. Измислувањето и конструирањето на обвинение за тероризам против луѓе кои не сториле ниту прекршок во својот живот е класичен политички реваншизам против сите кои не се согласуваат со антидржавните политики и имаа храброст јавно да го кажат тоа. Да се прогласат за терористи луѓе кои никогаш не држеле оружје в рака и да се изедначат со терористите од Диво Насеље кои убија осуммина бранители е срамно и недозволиво“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Република Македонија е заробена држава од хунтата на власт, дека се газат човековите права и слободи и дека неосновано се изрекуваат притвори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...