ВМРО-ДПМНЕ: Празните зборови не се пополнуваат со протест

-

Мораме да им кажеме на „Ајде“ и на нивните старешини од соросовата партија на Зоран Заев дека празниот простор што го оставаат празните зборови и празните глави на идеолозите на опозицијата, не се пополнува со вакви обиди за монтипајтоновски едночинки, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Владата.

„На членовите на соросовата „Ајде“, би сакале да им посакаме добредојде назад на локацијата на која оставија стотина тони смет и ѓубре пред да заминат на својот летен одмор. Доколку членовите на оваа НВО-експозитура на СДСМ се вратија загрижени да видат дали некој го исчистил ѓубрето што го оставија кога го напуштија кампот по 40-дневната узурпација на јавниот простор, би сакале да ги потсетиме дека има луѓе кои водат сметка за овој простор веќе девет години. Имаме разбирање за нивната набиена агенда, во која истите луѓе секој ден под различно име на некоја невладина имаат задача да го пополнат празниот простор, кој со својата безидејност и безличност го оставаат нивните ментори од СДСМ и соросовите мудреци како Милчин, Ордановски и Героски. Денеска се пред Влада, утре ќе протестираат зашто полицијата ја брани границата кај Гевгелија, задутре ќе протестираат зашто Македонија е земја во која се снима филм и ќе влезат неколку милиони евра. Спремни се да протестираат и доколку поевтини струјата или бензинот во Македонија и овие натчовечки напори им ги поздравуваме“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати...

(Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

„Гуш и бац е љубов“, е настан кој по шести пат вчера се одржа на Школка во Градски парк. како што велат организаторите, здружението „Аутизам ААМК“, настанот бил прослава на детската...

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Британските, но и дел од македонските медиуми во сензационалистички манир ги претставија ставовите на некогашниот премиер на Обединетото кралство, Тони Блер, како дефинитивен пораз на поборниците за климатски промени. Но, голем дел...

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Годинaшната државна матура ќе се спроведува не само во средните училишта, туку и во простории на пет државни универзитети низ земјата. Како што потврдуваат од Државниот испитен центар (ДИЦ) за Мета.мк,...

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се...