fbpx

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фатија за гуша за комуналното уредување

-

Општинската организација на СДСМ од Охрид денеска на прес-конференција реагираше за градежниот шут кој е исфрлен во атарот на село Лакочереј, покрај Охрид. Побараа од надлежните општински служби веднаш да го отстранат шутот од околината, а за можните последици од неговото истоварање во населено место, одговорност да понесе локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

– Со денови се носеа овде бетонот и каменот, на само метар од коритото на реката и на самите извори на вода за пиење. На повидок е еколошка катастрофа, а градоначалникот Бакрачески молчи. Зошто молчи Бакрачески? Дали можеби затоа што овие купишта шут се од реконструкцијата на улицата Питу Гули? Дали жителите на Лакочереј се должни да плаќаат еколошки данок од реновирањето на улицата Питу Гули? Дали секогаш кога нешто ќе посегне да направи охридскиот градоначалник, нешто друго ќе расипува? Според постапките што ги прави, Бакрачески покажува дека ниту е заинтересиран за потребите на граѓаните ниту, пак, за животната средина, туку само да задоволи бизнис-апетити – рече Александар Кузески, секретар на СДСМ од Охрид.

Од Општината реагираа со соопштение до медиумите.

– Шутот беше одложен  со претходно барање на советот на месната заедница и е депониран привремено во Лакочереј, а ќе биде употребен во согласност со потребите на жителите од ова населено место. Веќе е договорено за утре, 13 септември, со почеток во 10 часот, да почне акција во која ќе учествуваат сите жители на селото, без разлика на партиската припадност, во подигнување на шутот, а истиот ќе биде искористен како тампон за одредени помали улички и пристапните патишта кои водат до нивите и обработливото земјиште на жителите од Лакочереј-  стои во реакцијата.

Со реакција се јави и општинската организација на СДСМ од општина Дебрца. Оттаму обвинија дека во селото Оровник фекалната канализација се излева директно во локалната река, која e дел од сливното подрачје на Охридско Езеро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...