fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Поддржуваме нова истрага

-

ВМРО-ДПМНЕ поддржува надлежните институции да спроведат нова истрага во случајот на трагичната смрт на новинарот Никола Младенов.

„Немаме никаква дилема дека во овој случај е постапено одговорно, но заради потребата од целосна доверба во постапките и во институциите, поддржуваме нова истрага, под надзор на новинарската бранша, претставувана од здруженијата, луѓе од семејството, со увид на експерти – како што и секогаш во изминатиот период се залагаме за правна разврска. Денешната прес-конференција на Зоран Заев, на која тој повторно пушташе сечени и креирани материјали, е класична злоупотреба на трагичната смрт на човек, исто како што направи во случајот со расчистеното убиство на Мартин Нешковски“, се вели во соопштението од партијата.

Да повториме, се вели во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи психозата која сака Зоран Заев да ја наметне на јавноста да биде прифатена од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ поддржува нова истрага веднаш во рамките на позитивните закони и институции.

„Да потсетиме дека СДСМ и нивните медиуми и новинари две години шират илјада различни теории на заговор во врска со овој трагичен настан и врз основа на тие теории, градеа позиции за политичка корист за себе и за својата партија. Две години нè обвинуваа, а денеска сами докажаа дека лажеле и користеле смрт на човек за политички цели. Тоа говори за нив. Нека им служи на чест. Воедно, вторпат ги повикувам граѓаните да ги слушнат снимките и сами да заклучат и да ја видат лагата во воведите кои Зоран Заев усмено ги прави пред да ги пушти снимките. Ги повикувам да ги слушнат материјалите кои Заев ги пушта и да не се потпираат на насловите и на прераскажаните стории на нивните портали, кои имаат цел да манипулираат со чувствата на граѓаните и да ги прикажат работите во погрешен контекст“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...