Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од денеска нема повеќе три часа дневно да блокира три крстосници во центарот на Скопје. Наместо тоа, како што информираат оттаму, денеска од 15 часот до 17 часот ќе протестираат пред Министерство за надворешни работи под мотото „Доста е, Излези за Македонија“.

Како што кратко соопштија, протестот е „против новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски“.