fbpx

Владата во Австрија ќе ја забрани кампањата на турските политичари пред изборите

-

Австриската десно ориентирана коалициска влада, која силно со противи кон приклучувањето на Турција на Европска унија, ќе им забрани на политичарите да водат кампања во оваа земја пред изборите во Турција во јуни, изјави канцеларот Себастијан Курц.

„Предизборни настапи на турските политичари во Австрија не се пожелни и повеќе нема да ги дозволиме“, изјави Курц.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оваа недела распиша вонредни парламентарни и претседателски избори една година пред редовниот термин.Идниот претседател ќе има значително поголеми извршни овластувања, одобрени на референдум минатата година.

Турските министри имаа намера да побараат поддршка во земјите со големи турски заедници како во Холандија и Германија. Тие земји ги забранија политичките настапи од безбедносни причини, а Ердоган ги спореди германските власти со нацистички режим.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Шолц ги отфрли обвинувањата на Макрон: Испраќањето војници во Украина не е опција

Германскиот канцелар Олаф Шолц категорично ја отфрли можноста за испраќање копнени трупи на земјите од НАТО да се борат во Украина, пренесе германската агенција ДПА. Оваа можност претходно ја...