Владата најави легализација на домови и изградба на нови живеалишта за Ромите, проекти вредни 3,2 милиони евра

-

Започнува реализацијата на проекти за домување на Ромите за што ќе бидат искористени четири гранта во вредност од околу 3,2 милиона евра за период од три години. Станува збор за општините Прилеп (населба Тризла), Битола (населба Баир) и ромските населби во Штип, Берово и Кичево.

Ова го најави денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со  министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, пратеничката Латифа Шиковска и претставници на граѓанските организации.

Заев објасни дека проектите се во рамките на Инструментот за претпристапна помош – ИПА 2, кој Владата го спроведува со поддршка од ЕУ и кои се остваруваат со иницијативата „Интеграција на Ромите, во чии рамки во 2019 година беше усвоена Декларација за земјите од Западен балкан за интеграција на Ромите.

„Оваа Декларација ги поттикна лидерите од регионот да ја прифатат потребата од заедничка заложба за засилување на напорите за интегрирање на ромската популација, како една од најранливите групи во општествата во регионот. Дојдовме до стартот на реализацијата на проектите, во делот на домување и во делот на постигнување услови за легализирање на неформалните населби каде што живеат Ромите“, истакна Заев, кој додаде дека во буџетот за 2021 година се издвоени 62 милиони денари за поддршка на имплементацијата на годишните оперативни планови од годишните оперативни планови од Стратегијата на Ромите.

Според Шахпаска, во населбата Трисла ќе се легализираат куќи на 700 ромски домаќинства, потоа ќе се легализираат имоти на 5.000 Роми во населбата Баир во Битола, во Штип ќе се легализираат 1.027 куќи и 40 во Берово. Ќе се изградат и нови живеалишта, во Штип 50 куќи, во Кичево 30 станови, а ќе се реконструираат 50 куќи во Прилеп и 15 куќи во Берово.

Амбасадорот Гир истакна дека финансирањето на ЕУ останува на располагање за поддршка на ваквите активности.

Пратеничката Шиковска ги посочи заложбите за да застапува и да иницира решенија кои што ќе бидат во корист на најранливите категории на граѓани.

На настанот беа презентирани четирите проекти кои опфаќаат легализација на куќи, подобрување на инфраструктура и безбедни услови за живот, поправка и реконструкција на домови, вработување на млади Роми, поддршка за ученици со туторство после училиште, како и подигнување на свеста за еднакви права и пристап до здравствена заштита.

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

АНАЛИЗА: Повисока инфлација, иста стапка на раст на БДП

Ценовниот притисок ги „стопи“ очекувањата за инфлација од 2,2 отсто во оваа економска година, објавува Порталб. Според новите буџетски проценки инфлацијата ќе биде нешто помалку од 3%. Во новата Фискална стратегија...

Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс во својата колумна изјави дека инвестирањето и ангажирањето со земјите од Западен Балкан е геостратешки императив во услови на зголемена глобална...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на...