fbpx

Вистиномер: Во составот на Кока Кола нема абортирани фетуси

-

ХЕК 293 клетките се користат широко во фармацевтските истражувања, помагајќи им на научниците да креираат вакцини, како и лекови за ревматоиден артритис. Важно е да се забележи дека ниту еден дел од клетките од бубрезите на абортираниот фетус, не се дел од засладувачите на Сеномикс, ниту пак се дел од завршните продукти, во случајот Кока Кола! Ниту Кока Кола, ниту било која компанија за храна и пијалоци во САД не користи производи за конзумација направени со користење на ткиво од неродени абортирани бебиња. Она за кое што станува збор овде е единечна клеточна линија изведена од еден, здрав, абортиран фетус пред 40 години, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост на Фејсбук во кој што е споделена фотографија со логото на Кока Кола, а под него е испишано името на компанијата Сеномикс. Во постот се тврди:

Кока Кола. Состав-абортирани фетуси.

Дали навистина во глобално распространетиот и популарен пијалак има абортирани фетуси? Краткиот одговор е НЕ. Всушност, станува збор за постара контроверза, која се појавила во 2010 година и која ги содржела дезинформациите дека поголеми компании за храна и пијалоци, меѓу кои и Кока Кола, во производството користат ткиво од абортирани бебиња. Примарната причина поради која што ова се тврдело, било тоа што компанијата Сеномикс, инаку производител на засладувачи кои се додаваат во пијалаците, во чоколади и колачиња, наводно користела клетки од абортирани ембриони за да тестира засладувачи.

HEK 293 или Human Embryonic Kidney 293 клетки, е специфична клеточна линија која што е изведена од клетки на бубрези од абортиран човечки ембрион во 1972 година. Оваа клеточна линија нашироко се користи во биотехнологијата и во фармацевтскиот бизнис за развој. Компанијата Сеномикс со седиште во САД се фокусира на откривање и развој на иновативни засладувачи во храната, пијалаците односно на адитиви кои даваат мириси и вкусови во храната. Контроверзата за Сеномикс потекнува од 2011 година, кога про живот организацијата „Божји деца за живот“, протестирала зашто Сеномикс користела HEK 293 или Human Embryonic Kidney 293 клетки во развојот на некои од засладувачите. Оваа организација повика на бојкот на производителите односно на компаниите што имаат партнерство со Сеномикс.

Но, ниту Кока Кола ниту било која компанија за храна и пијалоци во САД не користи производи за конзумација направени со користење на ткиво од неродени абортирани бебиња. Она за кое што станува збор овде е единечна клеточна линија изведена од еден, здрав, абортиран фетус пред 40 години. Си Би Ес во средината на 2011 година извести за тоа.

Сеномикс прави инженеринг на ХЕК клетките за да тие функционираат како рецептори за вкус кои ги имаме во устата. На таков начин, Сеномикс може да тестира милиони супстанци за да се утврди дали тие функционираат како подобрувачи на вкусот без да има потреба луѓе волонтери да учествуваат во овие тестови за тестирање на вкусот.

Реалноста е дека ХЕК 293 клетките се користат широко во фармацевтските истражувања, помагајќи им на научниците да креираат вакцини, како и лекови за ревматоиден артритис. Важно е да се забележи дека ниту еден дел од клетките од бубрезите на абортираниот фетус, не се дел од засладувачите на Сеномикс, ниту пак се дел од завршните продукти, во случајот Кока Кола!

Иако трагата на ХЕК 293 клетките има потекло во еден единствен фетален бубрег од абортиран здрав фетус во 1970 година, се што се случува после тоа е од култивирани клеточни линии. Научникот Метју Херпер за Форбс вели:

Клеточната линија изведена од фетус за која што зборуваме, е создадена во времето кога се родив. Ова е технологија стара 35 години. И се користи во клеточната биологија. И нема начин да ги конзумирате овие клетки или на било кој начин тие да би предизвикале здравствени проблеми.

Клетките наречени ХЕК 293 (кратенка за human embryonic kidney) се земени од абортиран фетус во 1970 година во Холандија. За да се продолжи клеточната култура понатаму, воопшто не се користени нови фетални ткива! Користењето на оваа клеточна линија не води до нови абортуси.

Тоа што Сеномикс тестира адитиви за храна со ХЕК клетки, фактички и овозможува на фирмата да истестира многубројни вкусови со голема брзина, која не би била возможна ако би се користеле луѓе што ќе пробуваат вкусови.

Значи, во финалниот производ, односно во Кока Кола, нема абортирани фетуси како што се тврди во постот кој го рецензираме, пишува „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...