fbpx

Вистиномер: Не бил цензуриран протестот пред американската амбасада во Киев, ниту пак се одржал на 16 март

-

Не е вистина дека протестот се одржал на 16 март и не е вистина дека за истиот не известувале медиумите. Напротив, она што се пронаоѓа од медиумските известувања од лице место, потврдува дека луѓето кои се појавиле да протестираат пред амбасадата на САД, всушност, не знаат за што се дојдени. Според медиумските известувања од терен, протестот се одржал 15 дена пред руската инвазија, на 9 февруари 2022 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој е споделена фотографија од протест кој се одржал пред амбасадата на САД во Украина во градот Киев. Во постот што го рецензираме, a кој е вирален со над 25 споделувања и повеќе од 70 допаѓања, се тврди дека протестот се одржал на 16 март 2022 година и се додава:

Киевски протест пред амбасадата на САД кој нема да го видите ни на телевизија ни во медиумите. Споделете сите да видат. 

На еден од транспарентите на фотографијата пишува:

Одете си во Вашингтон и не се враќајте никогаш!

Не е вистина дека протестот се одржал на 16 март и не е вистина дека не може да се пронајде во медиумите. Напротив, она што се пронаоѓа од медиумските известувања од лице место, потврдува дека луѓето кои се појавиле да протестираат пред амбасадата на САД, всушност не знаат за што се дојдени.

 

Зошто не е можно протестот да се одржал на 16 март како што се тврди во постот кој го рецензираме?

Уште на 14 февруари 2022 година, американската амбасада во Киев соопшти дека е во процес на преселба на неодредено време и тоа од Киев во Лавов, поради засилено присуство на руски трупи. Според официјалното соопштение од амбасадата, кое е издадено повеќе од еден месец пред наводниот датум кога се одржал протестот (16 март 2022), таа е во процес на преселба од Киев во Лавов уште на 14 февруари 2022 година! Потоа, по инвазијата, американската амбасада се пресели во Полска.

До 16 март (датум за кој се тврди дека бил одржан овој протест), Киев беше под напади од бомби и сосема е неверојатно дека група луѓе би стоеле пред амбасадата во Киев и би протестирале, невознемирени од опасноста околу нив. Уште повеќе, што амбасадата на САД до 16 март била веќе преселена во Лавов, согласно најавата.

Ен Би Си Њуз, американскиот канал, е само еден од медиумите кои известуваа директно од протестот. Тој не се одржа на 16 март по руската инвазија на Украина како што лажно се сугерира во постот кој го рецензираме, туку се одржал пред руската инвазија, на 9 февруари 2022 година. Со оглед на тоа што инвазијата почна на 24 февруари 2022 година, значи протестот е одржан 15 дена претходно.

Репортерите на Ен Би Си Њуз кои на терен го покривале протестот, се сомневаат дека можеби демонстрантите биле платени за да дојдат пред амбасадата. Дел од нив не знаеле ниту зошто се таму и признале дека само држат транспаренти што им ги дале други лица.

На 1,5 минута од видеото новинарката вели дека луѓето кои ги држат транспарентите не зборуваат англиски и не знаат што пишува на нив. Понатаму, се наведува дека биле платени 7 долари на час за да се појават таму.

Со слично искуство од терен се појави и друг новинар, Кристофер Милер кој работи за Баз Фид Њуз и на Твитер кој сподели како изгледала неговата средба со демонстрантите пред американската амбасада во Киев на 9 февруари 2022 година.

Околу 200 луѓе беа собрани пред американската амбасада во Киев протестирајќи против вклученоста на САД во руско украинската криза. Но, ниту еден што го прашав не знаше да објасни против што протестира. Рекоа дека дошле затоа што Наташа ги викнала. Наташа пак, ми кажа дека ова е невладина организација ама не знаеше кое е името на организацијата. Како што можете да ја видите Наташа во зеленото палто, таа буквално ги држеше луѓето да стојат во една линија. Таа искара еден од луѓето кој на кратко се оддалечи од групата. Сите луѓе тука изгледа дека се пензионери. Кога ги прашав како си дозволија да ги направат скапите, нови банери, рекоа дека некој им ги подарил. Овој вид акции се познати како ,,изнајмени групи на протестирачи” (rent a crowd). Обично им се нуди сума пари за да стојат на некое место два три часа. Потоа им се плаќа и завршува бизнисот. Една жена запрашана дали им е платено одговори „уште не”. Организаторите на протестот не сакаа да бидат интервјуирани. Човекот што говореше на настанот, Максим Плахтјенко рече дека не знае ништо за тоа кој го организирал протестот. Само кажа дека го викнале да говори бидејќи знае англиски и има принципи против војни, напиша на Твитер новинарот Милер.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е точно дека протестот не бил медиумски покриен и дека не е точно оти се одржал на 16 март 2022 година. Протестот е одржан на 9 февруари 2022 година, пред руската инвазија на Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...