fbpx

Вистиномер: Комплетно реконструирана детската градинка во Вевчани

-

Ветување: Реконструкција и осовременување на детската градинка во Вевчани.

„Во дворот на детската градинка ќе изградиме ново отворено игралиште со најмодерни реквизити. Детската градинка ќе ја реконструираме и опремиме со најмодерни соодветни помагала и играчки, а со цел подобрување на воспитната и образовната компонента во наставата“.

[Извор: Изборна програма на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски за локалните избори 2017 ,стр. 9 – датум: октомври 2017 ]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски за реконструкција на детската градинка е исполнето.

Детската градинка „Планински цвет“ во Вевчани е комплетно реконструирана после 40 години и таа беше свечено отворена на 23 јули оваа година.

Општина Вевчани ја реконструираше градинката благодарение на вклученоста на граѓаните во процесот на локален развој преку Форумите во заедницата, организирани во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, спроведуван од УНДП.

Проектот „Адаптација и пренамена на простории во детската градинка ЈОУДДГ Планински Цвет“,  вклучи замена на електричната инсталација, спуштање на плафоните, опремување на засебен и соодветен простор за индивидуална работа на логопед како и целосно уредување на надворешниот простор за игра на деца со поставување на нови реквизити за игра, истакна градоначалникот Сашо Јанкоски при свеченото отворање на градинката  на 23 јули 2021 година.

На отворањето на градинката присуствуваше и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада, а нејзината изјава ја пренесоа медиумите.

За нас во Швајцарија ваквата методологија е многу важна таа всушност треба да се базира вз она што е потреба на самите граѓани. Значи тие ги утврдиле своите потреби за таа инвестиција и таквата поддршка е всушност во прилог на нивниот интерес.  Инвестирањето во младите е многу важно тоа е инвестирање во иднината, рече амбасадорката на Швајцарија во С. Македонија.

Проектот „Адаптација и пренамена на простории во детската градинка ЈОУДДГ Планински Цвет“ се реализираше со грант од 66 илјади евра од Швајцарската агенција за обнова и развој.

Имајќи го предвид сето ова, ветувањето на Јанкоски за реконструкција на детската градинка во Вевчани, го оценуваме како исполнето, пишува „Вистиномер“.

 

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...